Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Хатчинсон: Од 12 до 30 земји членки, НАТО се окрупнува и игра клучна улога во стабилноста на Европа
Македонија

Хатчинсон: Од 12 до 30 земји членки, НАТО се окрупнува и игра клучна улога во стабилноста на Европа

април 2, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Сојузниците ќе го засилат своето присуство во регионот на Црното Море како одговор на руската агресија во Украина, и  НАТО годинава со окрупнува со Северна Македонија, 30-та членка по ред, изјави американската амбасадорка во НАТО, Кеј Бејли Хатчинсон.

На видео прес-конференција организирана синоќа во пресрет на одбележувањето на 70 годишнината од креирањето на НАТО, кое во две одвоени прилики ќе се одржи со министерски совет неделава во Вашингтон и со самит на лидерите во декември во Лондон, Хатчинсон рече дека Русија продолжува да ја дестабилизира Украина, и да го милитаризира полуостровот Крим.

„Агресија со запленувањето на украински воени бродови и задржувањето на морнари е целосно неприфатлива и повикуваме тие веднаш да бидат ослобедени, изјави Хатчинсон.

Додаде дека сојузниците ќе го засилат присуството во регионот на Црното Море, со повеќе надгледување на теренот и со поголемо воено присуство со бродови на земјите од НАТО.

Во однос на одлуката одбележувањето на 70-годишнината да се одржи во две одвоени прилики, во Вашингтон и во Лондон, Хатчинсон укажа дека американската престолнина ќе биде домаќин само на советот на минстерите за надворешни работи на земјите членки на НАТО, додека во Лондон ќе се одржи самит на лидерите.

„Договорот за создавање на Алијанста беше потпишан на 4 април, но поради тоа што пред помалку од една година имавме самит на лидерите, беше пологично во Вашингтон да се одбележи со министерски совет, додека Лондон се понуди да биде домаќин на самитот, кој најверојатно ќе се одржи годинава во декември, откри амбасадорката.

Таа укажа дека веднаш по потпишување на договорот во 1949 година, Лондон било првото седиште на НАТО и британската престолнина побарала таму да се одеблежи 70-годишнината.

Хатчинсон уште еднаш потврди дека протоколот за членство на Северна Македонија во Алијансата се очекува да биде усвоен од американскиот Конгрес оваа есен.

-Во Европа, континент кој беше распарчен од војни, владее мир веќе 70 години и тоа е голем успех… Од 12 членки на 29, а до крајот на годинава и со 30-та, НАТО продолжува да игра клучна улога во мирот и стабилноста на Европа, изјави амбасадорката Кеј Бејли Хатчинсон.

актуелно НАТО хатчинсон членки
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.