Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Хелсиншки: Идентификувани 28 кривични дела во насилствата во Собранието
Истраги

Хелсиншки: Идентификувани 28 кривични дела во насилствата во Собранието

мај 6, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Хелсиншкиот комитет идентификуваше можни 28 кривични дела сторени за време на насилството во Собранието на 27 април, кое се случи непосредно по изборот на претседател на Собранието на Македонија.

„Овој посебен извештај се однесува на кривични дела идентификувани преку фотографии, аудио и видео материјали и сведоштва, како и на кривични дела за кои постојат сомненија, но сè уште не е истражено дали биле сторени и од кого. Во него се осврнуваме на повредите на правата и слободите гарантирани со Уставот и санкционирани со Кривичниот законик“, велат од Комитетот.

sobranie 111

Извештајот е наменет за информирање на јавноста, но и како алатка која на правосудните органи може да им послужи при носењето на одлуки поврзани со квалификацијата на кривичните дела и индивидуализација на кривичната одговорност при изрекувањето на казни од страна на суд.

„Сторени се вкупно 28 кривични дела, од кои за 18 веќе постојат значителен број на докази и 10 кривични дела за кои постои сомнение дека се извршени“, соопштуваат од „Хелскиншки“.

sobranie 222

Патем, додаваат дека улогата на правосудните органи е да утврдат дали и кои од посочените кривични дела се сторени или имало обид за нивно сторување и, како што велат, да не дозволат погрешна квалификација, колективизирање на одговорноста и паушално санкционирање.

Можните сторители во извештајот се поделени во четири групи: организатори, извршители, полициски службеници и нивни претпоставени

Кривичните дела произлегуваат од осум поглавја од Кривичниот законик, а се насочени против животот и телото, слободите и правата на граѓаните, имотот, сигурноста, државата, службената должност, правосудството и јавниот ред.

sobranie 2

Од Хелсиншки комитет потсетуваат дека на 27 април 2017 година, околу 19 часот, организаторите и учесниците во протестот „За заедничка Македонија“ насилно влегле во собраниската зграда.

„Видено од многубројните видео снимки, полициските службеници задолжени за чување на јавниот ред и мир и безбедноста на присутните во собраниските сали, дозволија непречен влез на протестантите. Влезот им беше дозволен и на лица кои беа маскирани со качулки и кои со себе носеа тврди и остри предмети наменети за загрозување на физичкиот интегритет на присутните во Собранието. Набрзо потоа повредени беа десетина пратеници, од нив најмалку еден со тешки повреди, новинари, над 70 граѓани и над 20 полициски службеници. МВР во координација со Основното јавно обвинителство идентификуваше дваесетина сторители на кривични дела. Дел од нив беа приведени. За некои од нив е определен притвор, куќен притвор и други мерки на претпазливост. Засега, идентификуваните сторители се осомничени дека сториле три вида на кривични дела – учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие, учество во толпа што ќе изврши кривично дело и предизвикување општа опасност“, потсетуваат од Комитетот.

sobranie

актуелно извештај собрание толпа Хелсиншки
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.