Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Херсон како пред ураган: Градот е ограбен, улиците се морничаво празни
Во Фокусот

Херсон како пред ураган: Градот е ограбен, улиците се морничаво празни

ноември 10, 20220
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Херсон е првиот голем град што Русите го освоија на почетокот на војната. Падна практично без да биде испукан ниту еден куршум, а во Киев долго време после тоа се водеше расправа како е можно толку стратешки важен град од 240.000 жители да му се остави на непријателот без вистински отпор.

Како и да е, Херсон во овие осум месеци помина низ се и сешто.

На почетокот на окупацијата, Украинците во Херсон им пркосеа на Русите излегувајќи на протести, јавно ги навредуваа, а Русите тоа со денови молчејќи го толерираа. Меѓутоа, многу брзо нивното трпение попушти и почнаа да пукаат во луѓето. После тоа имаше некаков мир, ако може така да се нарече. Повеќе од стравопочит.

Русите го контролираа секој чекор на жителите на Херсон, за време на квази-референдумот буквално вооружени војници им влегуваа на луѓето во нивните домови. Во Херсон имало, се претпоставува, околу 20.000 руски војници кои од ден на ден се чувствувале се поизолирани. Опремата и резервите од храна се потешко и потешко стигнувале до градот, а сè тргнало надолу по експлозијата на мостот на Крим. Тогаш главниот пат за снабдување на Херсон беше дефинитивно прекинат.

И граѓаните кои му останаа лојални на Киев на почетокот на октомври почувствуваа дека нешто се случува.

„Слободата се чувствува во воздухот“, му напишал еден Украинец на новинар на Би-Би-Си.

Меѓутоа, се чувствувала и непријатност. Сите се прашувале што се подготвени Русите да сторат пред да го напуштат градот? Последниве денови од Херсон стигнуваат вести за масовни грабежи на продавници, станови, па дури и музеи.

Денес Херсон изгледа како град на духови. Град кој очекува низ него да помине силен ураган.

„Знаете што? Во овие осум-девет месеци ги поминавме сите фази на страв, па не ни е баш гајле. Нека дојде цунами!“

Во последните две-три недели состојбата во градот драстично се промени. И Русите веројатно станаа свесни дека наскоро ќе мора да ја преминат реката Днепар и ќе престанат да се занимаваат со Украинците.

„Одеднаш луѓето на улица почнаа да зборуваат украински. Претходно се плашеа. Дури и руската рубља полека исчезна. Влегов во млекарницата и го прашав продавачот дали примаат рубљи. Тој се насмеа и ми рече: ‘Рубли!? Тоа, од другата страна на реката…’“

Во меѓувреме стегата потполно попушти, па дури во Херсон почнаа да се гледаат и програми на украинската телевизија.

Сега, кога е сосема јасно дека окупаторите го напуштаат градот, почнаа да кружат секакви гласини.

Најновото е дека Русите планираат да ја кренат во воздух браната „Нова Каховка“ и да ја поплават целата област. Исто така, се зборува и дека руски војници во цивилна облека се кријат по станови и го чекаат непријателот, а најчестата гласина е онаа дека Русите, од левата страна на Днепар, едноставно ќе го срамнат целиот град со земја.

Како и да е, сите што остануваат во градот чувствуваат дека пристигнал критичниот момент. Русите си заминуваат, а никој не знае што ќе биде понатаму…

 

 

 

 

 

 

 

(Фото: Профимедиа)

актуелно војна русија Украина Херсон
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.