Земјотрес со силина од 3,3 степени по Рихтер го затресе вчера тлото во Херцеговина.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од два километра, осум километри североисточно од Чапљина.
Земјотресот се почуствувал и во Хрватска, а особено ги вознемири жителите на Чапљина.
За сега нема информации за евентуални штети.