Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“
  • Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто
  • ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ
  • СДСМ: Нема бегање од вистината за Ќуркчиев, тендерот од 1,6 милиони евра и платформата ЗНАМ 2.0
  • Филипче за боледувањата: Така е кога ќе ставите фискултурец за директор на ФЗО
  • ЕУ воведува дигитален идентитет: Личните документи и дипломите ќе се чуваат на телефон
  • ЕК за средбата меѓу Вучиќ и Фон дер Лајен: Беше спонтана, кратка и ненајавена
  • Крмов: Ќе почекаме до понеделник дали ќе се обнови дијалогот за Изборниот законик, па ќе поднесеме измени за укинување на платеното политичко рекламирање
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ХОЛАНДИЈА ВО ЌОРСОКАК: „Човекот од тефлон“ падна, а она што следува може да ја промени Европа
Европа

ХОЛАНДИЈА ВО ЌОРСОКАК: „Човекот од тефлон“ падна, а она што следува може да ја промени Европа

јули 12, 2023Updated:јули 12, 20230
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Падот на холандската влада поради нејзината политика кон бегалците ја истакна важноста на мигрантското прашање како арбитер на европската политика, пишува „Њујорк Тајмс“.

Како и пред осум години, екстремно десничарските партии добиваат на сила благодарение на силниот раст на бројот на имигранти кои пристигнуваат во Европа. Запирањето на десницата е се поголем проблем за водечките европски политичари, велат од весникот.

Падот на владата на Марк Руте ја истакна сè пополаризираната европска расправа за тоа како да се управува со мигрантската криза, со илјадници луѓе кои ги ризикуваат своите животи обидувајќи се да се дофатат до благосостојба, анализира Вокс.

Сега нема толку многу бегалци како во 2015 година, но политички ситуацијата е почувствителна, заради војната во Украина и растечката несигурност на Европејците поради инфлацијата и силниот раст на трошоците за живот.

Во петокот, доцна вечерта, холандскиот премиер Марк Руте објави дека владата паѓа поради „непремостливите разлики во имиграциската политика“. Тој во саботата поднесе писмена оставка до кралот Вилем-Александер, кој само заради тоа се врати од семеен одмор во Грција.

Спорно е прашањето за обединување на семејството: ако им дале азил на синот или ќерката, дали да дозволат да им се придружат нивните родители, или можеби нивните сопружници и децата?

Конфликтот во кревката четиричлена коалиција изби минатата недела кога Руте побара да се ограничи влезот на децата на азилантите кои се веќе во Холандија: право да поднесат барање ќе имаат дури после две години. Две години без деца? Христијанската унија и либералната Д66 не сакаа да го прифатат ова. Зошто Руте побара ваков радикален пресврт во бегалската политика?

Холандија некогаш беше пример за човековите права, во седумдесетите и осумдесетите највеликодушно ги отворија своите врати за воените бегалци и им обезбедија засолниште. И се првата земја во Европската унија во која порасна крајната десна, антиимигрантска партија, уште од почетокот на милениумот.

Марк Руте е холандски премиер 13 години, ова му е четврта влада, која успеа да ја состави после десет месеци преговори, а траеше неполни 18 месеци, пишува Гардијан.

Во владата седеа десно-либералната ВВД на Руте, лево-либералната Д66, демохристијанската партија ЦДА и помалата Христијанска унија.

Холандската имиграциска политика е веќе построга од онаа на многу европски земји, но неодамнешното зголемување на миграцијата од земји како Тунис и Пакистан повторно ја разгоре расправата за миграциската политика низ Европа.

Барањата за азил во Холандија минатата година се зголемија за една третина, па некои предупредија дека до крајот на годината може да има повеќе од 70.000, што е најмногу од 2015 година, кога од Турција за Европа тргнаа еден милион сириски и други бегалци. Според други проценки, годинава бројот на баратели на азил ќе биде 45.000, приближно исто како и минатата година кога цела ЕУ забележа голем пораст.

Холандија е четвртата најбогата нација во Европа, но бројот на бегалци што ги прифаќа е во просекот на ЕУ.

Нови избори во Холандија се очекуваат наесен, а старата влада дотогаш ќе остане со технички мандат.

Холандската влада веќе беше погодена од локалните избори во март, кога голема и убедлива победа извојува десничарското популистичко Движење на земјоделците-граѓани (БББ), кое ги освои гласовите на земјоделците огорчени од еколошките мерки за намалување на емисиите на азот, кои бараат намалување во бројот на добиток. Се очекува дека десно популистичката БББ ќе го повтори успехот на парламентарните избори. Избори се очекуваат во ноември, а после тоа, најверојатно, уште една макотрпно склопување на владејача коалиција.

Холанѓаните ги мачат високите кирии и недостатокот на станови, големиот скок на цените на гасот и инфлацијата. Во таа ситуација, лесно е да се префрли вината на странските имигранти и, посебно, на барателите на азил.

Холандија лани беше погодена од оценката на хуманитарните организации за многу лошите услови за сместување на бегалците. Руте тоа сакаше да го поправи со намалување на бројот на нови имигранти, но не успеа.

Објавувајќи ја оставката, меѓу проблемите за кои владата не можела да се договори, го спомена сместувањето на барателите на азил, после неодамнешните кратења во системот и општиот недостиг од станбен простор.

Иако Руте рече дека ниту една партија не е сама по себе одговорна за падот на владата, Гардијан пишува дека некои го обвинуваат токму него затоа што неговата партија притискала за построг пристап за обединување на семејствата на азилантите, во замена за поддршка за закониот за рамномерно „распредување“ на бегалците меѓу општините.

Во кампања веќе тргна Герт Вилдерс, лидерот на антиимиграциската Партија за слобода, а влез во битката објави и Керолин ван дер Плас, лидерката на новото популистичко Движење на земјоделци граѓани.

„Кампањата почна!“, објави Ван дер Плас на Твитер, споделувајќи видео од нејзините поддржувачи како закачуваат партиски знамиња и плакати на светлосни столбови.

Притисокот на бегалците влијае на политичката ситуација во земјите како Австрија, Германија, Франција и Шпанија. И не само таму. Исто така, најверојатно ќе доминира и во изборната кампања во Холандија.

На Европа и требаат работници, и требаат млади луѓе, но не сака илегални имигранти, оние со различна боја на кожата кои доаѓаат со брод и прескокнуваат жици. На ова прашање насекаде крајно десните партии добиваат поддршка.

„Ние сме партија која може да обезбеди владејачко мнозинство за значително да се ограничи протокот на баратели на азил“, порача Герт Вилдерс,

Лидерот на холандската антиимиграциска Партија на слобода ја поддржа првата малцинска влада на Руте пред 13 години, но и ја сруши.

Сега тој е воодушевен: на Твитер напиша дека падот на владата ќе ја направи Холандија „повторно убава земја, со помалку баратели на азил и криминалци, и со повеќе пари и станови за нашиот народ“.

Марк Руте е европскиот лидер со најдолг стаж после Виктор Орбан, исклучително вешт во постигнување компромиси, така што, се чини оправдано, го доби прекарот „тефлон“, наведува „Њујорк Тајмс“.

Со месеци преговараше за пакет мерки за намалување на приливот на нови мигранти.

„Гардијан“ во својот текст истакнува дека имало преговарало за формирање на две класи на баратели на азил – оние кои бегаат од војна и оние кои бараат засолниште од прогон, како и да се намали бројот на членовите на семејството што смеат да ги донесат.

„Њујорк тајмс“ посочува дека одлуката на Руте да ја собори владата, наместо да оди на компромис, означи нова фаза во европската миграциска политика. На неодамнешните избори засилените крајно десничарски партии доминираа во дебатата за миграцијата, манипулирајќи со стравот од исчезнување на националниот идентитет.

Неочекуваното инсистирање на Руте за невообичаено груб пресврт кон бегалците аналитичарите го толкуваат како маневар за да се спречи уште поголем одлив на гласови кон десницата.

Истиот проблем има се поголемо влијание низ Европа, во сенката на инфлацијата и зголемените трошоци за живот, растечката несигурност што произлегува од руската инвазија на Украина и зголемениот број баратели на азил.

Од врвот на сириската бегалска криза во 2015 година, Италија, Германија и Франција, како и помалите европски држави, доживеаја подем на екстремно десните политички партии кои ја преобликуваа политичката слика на нивните земји.

Така, во Италија, екстремно десниот Матео Салвини стана клучна политичка фигура, Марин Ле Пен минатата пролет опасно му се закани на Емануел Макрон во трката за претседател на Франција. Виктор Орбан ја засили својата антиимигрантска реторика и со тоа стана водечки глас во светското идентитативно движење со, како што пишува „Њујорк Тајмс“, голем број следбеници меѓу американските десничари.

Конечно, и Ангела Меркел мораше, и покрај нејзината голема популарност, да ја напушти функцијата шеф на германската влада токму поради силните критики заради пропуштање на милиони бегалци во 2015 година, поради што нејзината ЦДУ изгуби дел од избирачите кои преминаа во крајно десната АФД.

Но, луѓето кои доаѓаат во ЕУ сега се соочуваат со значително поинаков политички и социјален контекст од оние кои пристигнаа во 2015 година, анализира „Њујорк Тајмс“. Европската десница, иако контролира само неколку земји како Унгарија и Италија, има поголемо влијание отколку во претходните години.

„Огромно е изненадувањето за тоа дека коалицијата се распадна заради оваа тема“, изјави за „Њујорк Тајмс“, Марсел Ханеграф, политиколог од Универзитетот во Амстердам.

„Имено, бројот на бегалци кои би побарале да им се придружат членовите на семејствата е толку мал што тоа не би влијаело значително на вкупниот број бегалци во земјата“, истакнува холандски експерт за миграција.

Она што се случи е дека Руте, познат како господар на консензусот, сега одлучи да го искористи прашањето за миграцијата за да освои политички поени, што не го правеше претходно.

Марк Руте пред европската јавност се претстави како цврст поборник за ограничување на миграцијата во ЕУ, но не на начинот на екстремната десница.

Неодамна ги придружуваше претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и Италијанката Џорџија Мелони на пат во Тунис, каде што им понудија на властите милијарда евра за да помогнат во запирање на протокот на мигранти во Европа.

Во Тунис засолниште најдоа бегалците од Мали, изложени на исламистичко насилство, како и од, со војна зафатениот, Судан, од Брегот на Слоновата Коска, Чад, Гвинеја и Сенегал.

Обвинувајќи ги за насилство и криминал, властите во Тунис започнаа расистичка акција против црните африкански мигранти наместо да им дозволат на хуманитарните организации да им помогнат, објави во четвртокот Ројтерс.

Бројот на барања за азил во ЕУ нагло опадна во 2020 година поради епидемијата на Ковид-19. Во 2019 година беа издадени три милиони дозволи за престој, кои паднаа на 2,3 милиони во 2020 година, но се вратија на 2,9 милиони во 2021 година. Бројот на оние кои без визи пристигнуваат во ЕУ, често со помош на криумчари на луѓе, се зголемил за 66 отсто во 2022 година во споредба со претходната година, објави Европската комисија. На тоа треба да се додадат четири милиони Украинци кои до крајот на мај годинава добија статус на бегалци во Унијата.

Се зголеми и вселувањето од Мароко, Тунис и Пакистан, а луѓето продолжуваат да бегаат од војната и теророт во Сирија и Авганистан. Но, тоа не се споредува со 2015 година, кога рекордни 1,3 милиони луѓе побараа азил во Европа – приближно двојно повеќе од претходниот рекорд од падот на Советскиот Сојуз.

азил актуелно Европа Марк Руте Мароко мигранти русија Тунис Украина холандија
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.