Холандскиот парламент даде зелено светло за Македонија да ги почне преговорите со Европската Унија во пресрет на самитот на ЕУ следната недела.
Холандија е една од земјите од групата, на чело со Франција, која изминатиот период изразуваше скептицизам во однос на тоа дали Европската Унија треба да започне пристапни приговори со нашата земја. Холандија и Франција беа земјите кои стоеја и зад „нон-пејпрот“ кој во јавноста излезе пред еден месец, а со кој се бараше за Македонија да се одложи почетокот на преговорите до наредната пролет.
Холандските пратеници, меѓутоа, не се согласиле и Албанија да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ.
Според нив, Албанија нема доволно реформи во борбата против корупцијата и криминалот.
„Албанија не ги исполни петте приоритети утврдени во извештајот за напредок бидејќи нема напредок во правните реформи, борбата против корупцијата или борбата против криминалот. Врз основа на овој напредок не можеме да ги отвориме преговорите за пристап кон ЕУ. Холандската влада не треба да гласа за Европската комисија за отворање на пристапните преговори“, се вели во предлогот од холандскиот парамент.
Кога е во прашање Македонија, засега најголемата пречна останува Франција. Францускиот претседателот Емануел Макрон бара прво внатрешни реформи во Унијата па после тоа, вели, може да има проширување на Унијата.







