Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Хотелиерите и угостителите ги очекуваат новите протоколи за работата
Економија

Хотелиерите и угостителите ги очекуваат новите протоколи за работата

јуни 11, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Комисијата за заразни болести денеска се очекува да предложи нови протоколи за работата на хотелиерите и угостителите. Рестораните, не до крајот на годинава, туку многу порано ќе може да организираат свадби, но Комисијата и за ова ќе го има крајниот збор.

Хотелиерите, според министерот за економија, Крешник Бектеши и покрај тоа што не се затворени со одлука на Владата, важно е и за гостите и за странските туристи да работат согласно протоколите од Комисијата за заразни болести.

Бектеши вчера појасни дека на владина седница го задолжиле министерот за здравство да и предложи на Комисијата нови протоколи, кои истите потоа би ги усвоиле.

– Оваа тема вчера беше дискутирана на владина седница. Го задолживме министерот за здравство да и предложи на Комисијата нови протоколи.

Очекуваме денеска или најдоцна утре да имаме такви предлози кои секако би ги усвоиле, имајќи предвид дека хотелите не се затворени со владина одлука. За угостителските објекти кои организираат свадби ќе ја чекаме сугестијата од Комисијата. Убеден сум дека не до крајот на оваа година, туку многу порано би можеле и тие да работат, рече Бектеши.

Министерството за економија во соработка со хотелиерите и нивната Комора доставило предлог-протоколи до Комисијата за заразни болести, и се очекува да бидат разгледани од Комисијата, а потоа предложени до Кризниот штаб и Владата за да бидат усвоени.

Како што посочи министерот за економија, се работи за речиси истите протоколи според кои тој верува дека можат да работат и нашите хотелиери. Согласно препорките на СЗО, појаснува, тоа се главните мерки кои треба да се почитуваат вклучувајќи ги угостителските и хотелски објекти: држење дистанца, дезинфекција…

Во однос на економската поддршка на рестораните, Владата вчера донесе Уредбата за примена на Законот за комунални такси за време на вонредната состојба, со што овозможува економска подршка на угостителските објекти кои претрпиле штети во своето работење заради спроведување на мерките за спречување на ширење на коронавирусот.

Според Уредбата, се изменува пресметувањето и наплатувањето на комуналната такса за користење на просторот пред деловни простории, и наместо истата да се плаќа од 5 до 15 денари за м2 дневно, се предлага да се плаќа од 1 до 15 денари за м2 дневно за периодот на времетрање на вонредната состојба.

Исто така, со усвоените измени и дополнувања на програмата за развој на туризмот за 2020 година со програма за субвенции за кофинансирање на настани, обуки, семинари и конференции Владата ќе кофинансира трошоци за организирање на настани, обуки, семинари и конференции до 50 отсто од трошоците, но не повеќе од 30.000,00 денари.

Целта е поддршка на домашните хотели и надминување на ефектите од корона кризата, како и опоравување на економијата во земјата.

В петок, како што најави министерот за економија, граѓаните со низок доход ќе бидат информирани дека ќе се стави во функција платформата на која хотелиерите ќе ги понудат своите услуги за користењето на ваучерите вредни 6.000 денари. – И граѓаните што ќе добијат платежни картички од 9.000 денари, неврабоени и граѓани кои добиваат социјална помош, ќе може да ги користат во туристичките агенции и хотелите, најави Бектеши.

актуелно протоколи угостители хотелиери
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.