До сега несомнено верувавте дека од тежината можете да изгубите само ако одбегнувате одредена храна, но впрочем постои и храна од која ќе ослабите заради негативните калории.
Што се точно негативните калории?
Одговорот е прилично едноставен. Тоа е храна која во организмот внесува помалку калории од она што е потребно за да се свари таа храна.
Која храна има негативни калории?
Во таа група спаѓаат намирници со низок глихемиски индекс, а со голем процент на растителни влакна.
Тоа значи дека тука можеме да сврстиме овошје и зеленчук кои го забрзуваат нашиот метаболизам и произведуваат ензими со цел трошење на насобраните резерви.
Од зеленчук се препорачува: боранија, цвекло, кељ, зелка, морков, карфиол, целер, ротквици, крставица, грашак, праз, зелена салата, спанаќ, домати.
Од овошје препорачливо е да се конзумира: јаболко, боровница, брусница, грејпфрут, лимон, малина.
Зачини: цимет, каранфилче, чили, коријандер, семе од лен, кромид, ѓумбир, лук, першун.
Сите наведени намирници имаат позитивен ефект на организмот, а ви претставуваме само некои од погодностите:
- Подобрување на метаболизмот
- Зголемување на нивото на енергија
- Стабилизација на нивото на шеќер во крвта
- Подобрување на варењето и прочистување на цревата
- Прочистување на црниот дроб и поефикасно трошење на масти
- Спречување на воспаленија во организмот
- Намалување на нивото на холестерол во крвта
- Подобрување на концентрацијата
- Елиминација на стресот, нервозата и депресијата
- Подобрување на сонот
- Подмладување на кожата, косата и ноктите
Тоа што е важно ако сакате значително да ослабите е да внесувате барем по еден килограм од горе споменатите намирници секој ден. Најдобро е да ги јадете свежи и без обработка.
Блендер е дозволен само ако сакате храната да ја изедете веднаш, но користете само свежа храна.
Исто така, оваа храна не треба да ја комбинирате со мрсна, висококалорична храна или со слатки.







