Од хрватскиот пазар се повлекува напитокот „Јана витамин портокал хепи“ заради можно присуство на етилен-оксид, соопшти хрватското Министерство за здравство.
Од министерството прецизираа дека се повлекуваат напитоците во пластични шишиња од 1,5 литри со рок на траење до 13 јануари 2022 година, како и на пластичните пакувања од половина литар, чиј рок е до 20 јануари 2022-ра.
Овие производи, кои на пазарот ги пласира компанијата „Јамника плус“ се повлекуваат од продавниците како мерка на претпазливост заради можно присуство на етилен-оксид во овошната база на добавувачот.
Хрватската агенција за земјоделство и храна наведува дека тие производи не се во склад со европските уредби за максимално ниво на остатоци на пестициди во храната.






