Фудбалската репрезентација на Хрватска, коа моментно е на Светското првенство во Русија, испратила порака со поддршка на младата тајландска фудбалска екипа која е заробена во пештера.
„Импресионирани сме со храброста и силата која ја покажаа тие деца и нивниот тренер и покрај страшните околности во кои се најдоа. Таквите ситуации се поголеми од спортот, но нивниот спортски дух ќе им даде сила да се соочат со овој предизвик. Сакаме да им ја пружиме нашата поддршка и љубов, се надеваме дека момчињата и нивниот тренер наскоро ќе бидат со своите семејства“, се наведува во соопштението на селекцијата на Хрватска.
Децата на возраст меѓу 11 и 16 години и нивниот 25 годишен тренер исчезнаа кога обилните дождови и поплавите што следеа потоа ги заробија во пештерата Там Луанг на 23 јуни.
Сите се пронајдени живи и сеуште трае акцијата за нивно спасување.







