По повод Меѓународниот ден за заштита на човековите права – 10 декември и Меѓународниот ден nа УНИЦЕФ за заштита на децата – 11 декември денеска ќе биде отворена хуманитарната ликовна изложба симболично насловена „5 минути до 12“.
Организатор на донаторската изложба е Центарот за помош, поддршка и застапување на притворени и осудени лица. Се работи за изложба и продажба на уметнички слики, донирани од македонски сликари.
„Паричните средства собрани од овој настан ќе ги употребиме за купување новогодишни подароци за деца чии родители се во притвор или на издржување казна затвор, но и за подобрување на условите во затворите“, соопшти организаторот.







