Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Царовска: Градиме општество еднакво за сите
Македонија

Царовска: Градиме општество еднакво за сите

јуни 25, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, презентирајќи ги измените на новиот текст на Законот за спречување и заштита од дискриминација рече дека тој има за цел да обезбеди принцип на еднаквост во заштитата од  дискриминација и во остварување на човековите права и слободи. Во него се прошируваат основите, се менува и подобро се дефинира поимникот и дефиницијата за дискриминација.

,,На овој начин се доближуваме до меѓународните стандарди, усвоени од страна на ООН и Европската унија, а нашите граѓани добиваат соодветна правна заштита и општество кое ги негува различностите и овозможува услови за развој за сите. Остануваме посветени на зајакнување на владеењето на правото и унапредување на квалитетот на животот за сите, а преговорите за членство во ЕУ ќе ни дадат дополнителна енергија и поддршка за тие реформи”, подвлече Царовска.

Во новиот текст на Законот за првпат сексуалната ориентација и родовиот идентитет се воведуваат како основи за дискриминација. Во поимникот се вметнуваат нови термини, меѓу кои „лице со попреченост“, „соодветно приспособување“ и „пристапност до инфраструктурата, добрата и услугите“. Понатаму, се додава нов облик на дискриминација – сегрегацијата, како и „инструкцијата” за дискриминација.

Исто така, називот на „Комисијата за заштита од дискриминација“ се менува во „Комисија за спречување и заштита од дискриминација“, а нејзините надлежности се прошируваат во насока на превенција. Новиот Закон предвидува јасни критериуми за избор на членови на Комисијата, а истите добиваат статус на функционери, со цел да се професионализира Комисијата.

Во однос на судската заштита, се воведува „Тужба за заштита од дискриминација од јавен интерес” и се укинува потребната писмена согласност од странките во вакви случаи, доколку се работи за група. Со ова дополнување, здруженија, фондации, или други организации од граѓанското општество, како и неформални групи кои имаат оправдан интерес за заштита на одредена група, или во рамките на својата дејност се занимаваат со заштита од дискриминација, можат да поднесат тужба, ако со постапувањето на тужениот се дискриминирани поголем број лица.

Исто така, се ослободуваат од судски трошоци лицата коишто ќе поведат судска постапка за заштита од дискриминација и се зголемува износот на прекршочните одредби за правни и физички лица за кои ќе се докаже дека сториле дискриминација.

Со промените во Законот за спречување и заштита од дискриминација обезбедуваме подобри механизми, мерки и актвивности за правна заштита. Новиот  Закон е целосно усогласен со правото на ЕУ и меѓународните стандарди и за него е добиено позитивно мислење од Венецијанската комисија, како и од сите граѓански организации кои работат во областа.

актуелно дискриминација закон Комисија царовска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.