Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Царовска: Подготвени сме за успешно спроведување на државната матура
Македонија

Царовска: Подготвени сме за успешно спроведување на државната матура

јуни 2, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

На 5 јуни започнува полагањето на државната матура за над 15 илјади матуранти. Учениците од завршната четврта година во средното образование ќе го полагаат првиот екстерен испит по предметот мајчин јазик, како еден од четирите – два екстерни и два интерни предмети во рамки на концептот за полагање матура годинава, договорен помеѓу надлежните институции и претставниците на средношколците организации, а кој, како и досега предвидува изработка на проектна задача.

По овој повод, соопштија од Министерството за образование и наука, денеска министерката за образование и наука Мила го посети Државниот испитен центар, одговорен за организација на целиот процес и разговараше со раководството околу текот на подготвителните активности.

Таа додала дека од страна на раководството на Државниот испитен центар е информирана оти сите подготвителни активности предвидени со планот за организирање на државната матура се спроведени и врз основа на тоа очекува процесот успешно да се реализира.

„ Усвоени се сите неопходни протоколи врз основа на кои матурата треба да се спроведе во услови на пандемија, а со цел да се заштити здравјето на учениците, наставниците и сите други учесници во процесот. Предвидено е во училница да бидат присутни најмногу до 15 ученици, а некаде и помалку во зависност од просторните услови. Во меѓувреме над 2000 тестатори се вакцинирани со двете дози кои значат стекнат имунитет, информирала Царовска.

Директорката на Државниот испитен центар, Елизабета Наумовска информирала дека вкупно 15.294 ученици се пријавиле за полагање државна матура, од кои 7.050 се од гимназиско образование, 7.983 од средно стручно образование и 261 од средно уметничко образование.

Испитните програми за предметите што се опфатени со матурата оваа година, подвлекла таа, се скратени, а воедно и согласно договореното со средношколците, базените со можни прашања, стои во соопштението од МОН, им се достапни на три недели пред полагањето на секој испит.

По полагањето на првиот задолжителен екстерен испит по мајчин јазик на 5 јуни, ќе следи и полагање на вториот екстерен испит кој е изборен. Учениците кои можеа да одберат помеѓу математика или странски јазик, наведуваа во соопштението од МОН,ќе полагаат на 11 јуни. Интерните ќе бидат организирани до крајот на јуни по распоред кој го креираат самите училишта. Проектната задача се реализираше од 15 март до 30 април. Резултатите ќе бидат објавени во рок од 30 дена од вториот екстерен испит.

„За матурантите кои на испитите на 5 и 11 јуни ќе бидат заболени од Ковид 19, или ќе бидат во изолација, овозможени се дополнителни термини на 25 и 28 јуни, со приложување потврда до училишните комисии. Тие што нема да положат матура во јуни, дел или во целост, ќе имаат втора можност во августовската сесија – термините се 11 август за првиот и 13 август за вториот екстерен испит. стои во соопштението од МОН.

Во меѓувреме, Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар започнале со подготвителни активности за изработка на целосно нова концепција за државна матура која ќе се применува од следната учебна година и ќе овозможи различни видови на матура за гимназиското, стручното и уметничкото образование. За оваа цел, информираат, е формирана посебна работна група составена од претставници на надлежните институции и претставници на средношколците, а воедно ангажиран е и експерт од Светска банка кој работеше и на актуелната концепција за полагање државна матура.

 

 

 

ФОТО: МИА

актуелно матура справување царовска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.