Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“
  • Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто
  • ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ
  • СДСМ: Нема бегање од вистината за Ќуркчиев, тендерот од 1,6 милиони евра и платформата ЗНАМ 2.0
  • Филипче за боледувањата: Така е кога ќе ставите фискултурец за директор на ФЗО
  • ЕУ воведува дигитален идентитет: Личните документи и дипломите ќе се чуваат на телефон
  • ЕК за средбата меѓу Вучиќ и Фон дер Лајен: Беше спонтана, кратка и ненајавена
  • Крмов: Ќе почекаме до понеделник дали ќе се обнови дијалогот за Изборниот законик, па ќе поднесеме измени за укинување на платеното политичко рекламирање
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Царовска: Училиштата остануваат отворени, нема голем број заразени ученици и наставници
Македонија

Царовска: Училиштата остануваат отворени, нема голем број заразени ученици и наставници

октомври 30, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Според последната статистика, 60 ученици и 160 наставници на ниво на држава кои се со физичко присуство во училиштата се активни на Ковид-19“, соопшти денеска
министерката за образование и наука Мила Царовска, додавајќи дека се додека не се создадат услови за затворање на училиштата, би останал овој модел на настава.

„На почетокот на оваа недела известивме колкав е процентот од вкупен број на ученици и ќе видите дека 0,05 проценти е заразеност кај ученици и 0,6 проценти е кај наставници. Што значи не надминуваме ниту еден процент, немаме ширење на ковид во училиштата внатре. Се додека не се создадат услови за затворање ние би останале на овој модел“, рече Царовска во изјава за медиумите по средбата со наградени
ученици на меѓународни олимпијади за информатика.

Според неа, има можност за заменски наставници во секој момент доколку се случи позитивен наставник, а наставниците можат да продолжат да даваат настава онлајн во случај да се изолира целото одделение.

„Сите држави во светот, а секако и СЗО и УНИЦЕФ препорачуваат училиштата да останат отворени. Секаде во свет се отворени. Ние немаме голем број. Тоа што е важно за нашиот систем, за нашата држава е да имаме континуитет во наставата и ние ќе се залагаме за истото“, рече Царовска.

Во однос на денешните барања на СОНК до директорите на основните училишта да се исплатат прекувремените работни часови, Царовска посочи дека училиштата каде што има доказ за надминување на часовите, согласно Закон за работни односи треба да ги исплатат прекувремените работни часови.

„Но, тоа е однос меѓу локалната единица на синдикатот и директорот на училиштето. Јас ги поттикнувам да седнат и заеднички да ги надминуваат овие прашања. Ве уверувам дека нема голем број на училишта каде имаме надминувања на бројот на часови“, нагласи Царовска.

МОН, како што додаде, на 21 месецов упати писмо до сите училишта, посебно до директорите, државен просветен инспекторат за можностите кои се нудат на секое училиште во случај да има потреба од дополнителен кадар или дополнително ангажирање на постојниот кадар.

„Постојат неколку опции тоа е дека согласно Законот за основно образование, основачот, односно, Советот и општината треба да ангажираат дополнителен кадар и да обезбедат средства за истото. Ние како Влада, во ребалансот, предлагаме дополнително зголемување на блок дотацијата за два процента, што значи обезбедуваме финансирање. Од друга страна согласно Законот за работни односи,
наставниците кои сега се во настава можат да бидат платени за дополнителни работни часови во случај да нивниот број на часови во училница е зголемен согласно одредбите во Законот. И третата опција која веќе ја објавивме беше туторство“, појасни Царовска.

актуелно наставници ученици училишта царовска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.