Заменичката на претседателот на Владата задолжена за економски прашања и координација со економските ресори Мила Царовска, заедно со генералната директорка на МЕПСО, Ева Шуклева и директорот на канцеларијата на Европска банка за обнова и развој, Анди Аранитаси денеска ќе ќе ја посетат трансформаторската станица Скопје 4 во населба Пинтија.
Како што соопштија од Кабинетот на ЗПВРСМ за економски прашања, тие ќе извршат увид во тековните активности од проектот „Реконструкција на ТС Скопје 4”.






