Цветанка Иванова, правник и поранешен пратеник од СДСМ, е предложена за генерален секретар на Собранието на Република Македонија. Именувањето на Иванова денеска е на дневен ред на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата.
На дневен ред на оваа Комисија се и именувањата на замениците на Генералниот секретар на Собранието, како и членовите на Комитетот меѓу заедниците и други одлуки.
Во Собранието претпладнево се одржа редовниот состанок на координаторитена пратеничките групи со претседателот на Парламентот, Талат Џафери. На состанокот не присуствуваа координаторите на десетте пратенички групи на ВМРО-ДПМНЕ.
Од кабинетот на Џафери информираат дека поканата за координативната средба била испратена до координаторите на сите пратенички групи.







