Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » „Централ бенкинг“: Ангеловска-Бежоска ќе стави личен печат врз централнобанкарското работење
Економија

„Централ бенкинг“: Ангеловска-Бежоска ќе стави личен печат врз централнобанкарското работење

мај 14, 2019Updated:мај 14, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Еден од водечките информативни сервиси за централно банкарство и финансии во светски рамки, „Централ бенкинг“ (“Central Banking”) објави прилог за гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, осврнувајќи се врз нејзината кариера и постигнатите професионални успеси, како и врз нејзините согледувања за македонската економија и за плановите за  натамошниот развој на Народната банка.

Таа ќе стави личен печат врз работењето на централната банка при евроинтегрирањето на земјата, истакнува „Централ бенкинг“, со упатување кон новитетите и реформите што се очекуваат.

Прилогот содржи и аудиоинтервју со гувернерката, во кое таа, меѓу другото, истакнува дека за нашата економија е мошне значајно што веќе се решени дел од проблемите од неекономски карактер, бидејќи со тоа се создадени предуслови за поголема сигурност и посветли перспективи за економскиот развој.

„Мислам дека влегуваме во нова фаза кога е мошне извесно дека зад нас се оставени несигурноста во економијата и политичките проблеми, што претходно ги забавуваа странските директни инвестиции, како и капиталните инвестиции што се многу важни за економскиот развој, вели Ангеловска-Бежоска.

Таа нагласува и дека очекува забрзување на реалната конвергенција на нашата економија.

Гувернерката за „Централ бенкинг“ посочува дека Народната банка се подготвува за натамошното зачленување на земјава во ЕУ, поради што, постојано, регулативата и практиките во централнобанкарското работење кај нас се усогласуваат со европските и секојдневно се работи врз имплементирањето на највисоките европски и меѓународни стандарди.

„Наша цел е македонската економија да се интегрира со европската. ЕУ и Европскиот систем на централни банки се наша стратешка определба, истакнува таа.

Потенцира и дека реформите и новитетите што се планира да ги спроведе Народната банка во претстојниот период, многу ќе придонесат за натамошното приближување на нашата економија кон европското семејство.

За „Централ бенкинг“, Ангеловска-Бежоска открива дека Народната банка ќе преземе и повеќе активности за заштита на потрошувачите, како и нови активности во сферата на финансиската едукација и финансиската инклузија, од кои се очекува да донесат голема корист за целото општество. За многу планирани проекти, таа очекува поддршка и од ЕУ.

Гувернерката порачува дека и натаму, Народната банка ќе испорачува макроекономска стабилност и дека финансискиот систем на земјава останува стабилен.

Прилогот на „Централ бенкинг“ содржи и осврт врз нејзината досегашна кариера, како и врз предизвиците со кои се соочува како жена на чело на централна банка. Истакнат е нејзиниот придонес за развојот на јавните финансии во земјава, особено преку раководењето на процесот на воспоставување трезорски систем, како и нејзиниот ангажман во Меѓународниот монетарен фонд, каде што беше член на голем број мисии.

„Централ бенкинг“ нагласува дека Ангеловска-Бежоска е една од трите жени кои во моментов раководат централни банки во Европа. Другите две се гувернерките на централните банки на Русија и на Србија, а до неодамна жена ја водеше и централната банка на Кипар.

 

МИА

банкарско работење личен печат централ бенкинг
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Пет нови лета до Виена, Краков, Вроцлав, но и до Сицилија и Сардинија

мај 21, 2026

Мукаетов на Самитот „Македонија 2025“:„’Алкалоид’ е пример дека Македонија може да се натпреварува глобално“

мај 14, 2026

Потрошувачката на бензини пораснала за над 8 проценти, дизелот и натаму најкористено гориво во земјава

мај 13, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.