Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Церар: Ќе биде многу лошо ако ЕУ не ги препознае напорите на Македонија
Македонија

Церар: Ќе биде многу лошо ако ЕУ не ги препознае напорите на Македонија

март 18, 2019Updated:март 18, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Словенечкиот министер за надворешни работи, Миро Церар, попладнево изјави дека Словенија силно поддржува почеток на преговори со Северна Македонија во јуни и дека би било многу лошо ако ЕУ не ги препознае напорите кои ги прави земјата.

Церар утрово учествуваше и на средбата помеѓу министрите за надворешни на ЕУ со македонскиот министер Никола Димитров и вицепремиерот Бујар Османи, каде ги пренел истите заложби на неговата земја. Словенечкиот министер ја истакнал важноста на постигнувањето и спроведувањето на Преспанскиот договор, како и на Договорот со Бугарија, но и реформските напори, рече тој попладнево пред новинарите во Брисел.

„Би било многу лошо за Европа ако не го препознае тој напор, таа подготвеност за компромис, таа посветеност кон реформите кои ги покажува Македонија, а највеќе ќе трпи европската идеја за интеграција и би било големо разочарување за жителите на Република Северна Македонија, изјави Церар.

Љубљана, како и бројни земји членки на ЕУ, сметаат дека Македонија треба да добие зелено светло за почеток на преговори во јуни и дека земјата заслужува да биде наградена за постигнатиот компромис со Грција, откако лани оваа одлука беше одложена. Но, Франција и Холандија остануваат многу скептични, во голем дел поради претстојната изборна кампања за Европскиот Парламент и домашната политика. Како што објаснуваат дипломатски извори за МИА, она што е различно оваа година во однос на претходната е дека Преспанскиот договор е потврден, изгласан и се спроведува што е аргумент помалку за земји како Франција.

Но, Париз и Хаг инсистираат дека Преспанскиот договор не е доволен и дека е неопходно исполнување на реформите и конкретни резултати во нивната имплементација, пред сѐ, во борбата против криминалот и корупцијата и правосудството.

Одлука никој не очекува да има додека не поминат европските избори на крајот на мај. Како што објаснуваат дипломатите во Брисел за МИА, по изборната кампања „можеби ќе може посмирено да се разговара за теми како проширувањето“.

актуелно ЕУ македонија напори препознае церар
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.