Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Цивил“ бара оговорност од сите за фер, демократски и слободни избори
Во Фокусот

Цивил“ бара оговорност од сите за фер, демократски и слободни избори

октомври 14, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Граѓанската организација „Цивил“ – Центар за слобода ги повикува сите учесници и засегнати страни во изборниот процес да ги почитуваат законите и да се спроведе демократски, фер и слободен изборен процес.

Од политичките партии бараат да го почитуваат Изборниот законик, Уставот и законите на Република Македонија, да го почитуваат изборниот молк и да ги сопрат евентуалните планови, ако такви постојат, за изборен поткуп, притисоци и манипулација на гласачите.

Од родителите и од наставниот кадар бараат да ги почитуваат децата и да ги остават надвор од политиката. Според нив децата не смее да се злоупотребуваат за политички цели и не смее да се вклучуваат во кампањите на политичките партии.

Да се сопре и санкциониура секој обид да се наруши изборниот молк и да се прекршат законите поврзани со изборниот процес. Не смее, порачуваат, да има толеранција за каков и да е притисок, закана или корупција (купување гласови), аплираат од Цивил.

Бараат и ја охрабруваат Државната изборна комисија да ги искористи сите свои законски ингеренции до максимум и да спроведе законит, демократски, фер и слободен изборен процес. – Ингеренциите на ДИК се највисоки од сите досегашни состави на оваа институција и таа се наоѓа на врвот на изборниот процес.

ДИК не мора да чека приговори и жалби, туку може да дејствува според сопствени наоди и мислење. Очекуваме на овие избори тоа и да го стори, наведуваат од Цивил.

До членовите на избирачките одбори порачуваат строго да се придржуваат до процедурите и Изборниот законик, да бидат љубезни, професионални и достоинствени во спроведувањето на своите задачи на изборниот ден. Ги охрабруваат да не подлегнуваат на евентуалните притисоци и коруптивно делување на одредени структури, пренесе МИА.

За секоја информација која им е потребна, треба да се јават на Општинската изборна комисија или на Државната изборна комисија. Секој обид за притисок врз нив да го пријават во полиција, но и Цивил стои на располагање за пријавување на таквите случаи

„Цивил“ ги повикува граѓаните да гласаат слободно, според сопственото убедување.

„Никому не должат ништо. Сè што им ветуваат партиите и кандидатите на било кои избори, всушност, им припаѓа ним, според Уставот и законите на Република Македонија, велат од Цивил.

Граѓанската организација „Цивил – Центар“ има акредитирани 191 набљудувач и затоа, велат, потребна е помош од сите свесни и совесни граѓанки и граѓани, да јавуваат за сите, и најмали, прекршувања на изборниот молк, за сите закани и притисоци, а особено за обидите да се изврши изборен поткуп.

За оние кои нема да се најдат на Избирачкиот список, посочуваат, тоа да го пријават во „Цивил“.

Потенцираат на внимание на однесувањето на избирачките одбори, партиските набљудувачи, полицијата, приватните агенции за обезбедување и другите учесници во изборниот процес и повикуваат да се пријават нерегуларности.

„Цивил“ упатува повик и до медиумите да бидат непристрасни и професионални.

„Новинарките и новинарите во овој период имаат голема општествена одговорност. Ги охрабруваме да бидат на висина на својата задача и да манифестираат максимална професионална и морална одговорност.

За секој проблем со кој се соочуваат, ние им стоиме на располагање, посочуваат во соопштението од „Цивил“ – Центар за слобода.

актуелно ДИК избори македонија миа ЦИВИЛ
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.