Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ципрас: Моја и одговорност на Зоран е да покажеме дека нашите народи може само да добијат од патот што се отвори
Македонија

Ципрас: Моја и одговорност на Зоран е да покажеме дека нашите народи може само да добијат од патот што се отвори

април 1, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Ако мојата влада се плашеше од политичката цена, не ќе можеше ниту да ја извади земјата од кризата и економските програми, ниту да најде решение за осигурителниот систем, ниту да се справи со бегалската криза, ниту да го реши името, ниту да го промовира неопходниот дијалог со Турција и покрај големите тешкотии, ниту да ги направи радикалните промени што беа потребни во областа на човековите права.

Ова во пресрет на утрешната посета на Скопје, во екслузивното интервју за МИА и воедно за некој медиум од Северна Македонија, го вели премиерот на Грција, Алексис Ципрас. Во него тој ги отвора картите за претстојните разговори со неговиот колега Зоран Заев и делегациите од двете земји и идните планови за соработка, а говори и за важноста на Договорот од Преспа.

Според Ципрас, Договорот од Преспа инспирираше многумина кои препознаа дека е изводливо да се решат меѓународните разлики со заемно почитување, обезбедувајќи ги своите интереси без да ја понижиш другата страна.

„Сепак, имаше политичка цена, бидејќи еден значаен дел од грчкиот народ беше и е сериозно загрижен за ова прашање. Наша одговорност – моја и на Зоран – е да покажеме дека нашите народи може само да добијат од патот што се отвори. Исто така, наша одговорност е да им одговориме на силите на национализмот кои во денешниот свет се зајакнуваат и целат кон тоа да не вратат во мрачните времиња.

Во разговор со дописничката на МИА од Атина, Алексис Ципрас, потенцира дека посетата е од историско значење, базирана на нова стратешка визија за двете земји, открива дека ќе дојде со 10 министри и ќе се потпишат низа договори во различни области.

Вели дека Грција и Северна Македонија мора да бидат партнери и сојузници, упатува порака дека Атина треба да има стабилен и безбеден северен сосед, а Скопје има потреба од силен сосед што ќе ги поддржува нејзините чекори кон европската перспектива.

„Ова е посета од историско значење, базирана на нова стратешка визија за нашите земји. Грција и Северна Македонија мора да бидат партнери и сојузници. Освен тоа, резултатот од Договорот од Преспа не е само решавање на прашањето за името и отклучување на европската и евро-атлантската перспектива на Северна Македонија. Договорот ги постави темелите за воспоставување на силни билатерални односи што предвидуваат соработка и на меѓународно, европско и регионално ниво. Во овие рамки, ќе се одржи и првиот состанок на нашиот Совет за соработка на високо ниво со учество на 10 министри од повеќе области (економија, енергетика, одбрана, надворешна политика, инфраструктура/ транспорт, земјоделски развој, дигитална политика, здравство) и ќе се одржи првиот бизнис форум со десетици бизнисмени од нашите земји. Ќе се договориме за Акцискиот план што ќе ги вклучува сите категории на нашата соработка, Договор за одбранбена соработка, Договор за отворање и на нов граничен премин што ќе ги поврзува Промахи со Мајден, Меморандум за соработка за пристапниот процес на Северна Македонија, енергетиката, развојот на инфраструктурата, нашите Служби за цивилна авијација, вели Ципрас.

актуелно Заев народи одговорност ципрас
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.