Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати
  • Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра
  • ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени
  • Трамп призна дека војната со Иран придонела за изборниот дебакл
  • Макрон: Состаноците на ЕУ се депресивни, ми недостигаат Меркел и Драги
  • Зајкова: Имате на совест уште една жена – електронската нараквица ќе спасеше живот
  • ДУИ: Еден од најнегативните извештаи на Европската комисија – политиките на Владата ја враќаат земјата назад
  • Податоците на Евростат покажуваат дека струјата во Македонија е поскапа отколку во Црна Гора и БиХ
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ципрас: Преку пријателство, мир и соработка меѓу народите, против национализмот, до перспектива за идните генерации
Македонија

Ципрас: Преку пријателство, мир и соработка меѓу народите, против национализмот, до перспектива за идните генерации

март 29, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Договорот од Преспа испраќа порака наспроти доминантната струја во Европа, струјата на национализмот и радикалната реторика, дека преку пријателството и соработката на народите, преку мирот, соработката и зближувањето, можеме да најдеме патишта за перспектива за денес и утре, за идните генерации, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас од Солун, за време на претставувањето на кандидатот од СИРИЗА за периферијата Централна Македонија на претстојните локални избори во Грцијa.

Ципрас говореше за перспективите и можностите што се отвораат за Солун и Северна Грција, по Договорот од Преспа, рече дека тој дел од земјата уште пред многу години можеше да оди напред, но некои „кои на политичката берза знаат многу добро да продадат квазипатриотизам и наводен патриотизам, се погрижија да ги спречат овие можности за земјата со цел да изградат свои политички кариери“.

„Оваа област, Централна Македонија, Македонија во целост, Северна Грција, не може да оди напред и да се развие ако е со завртен грб кон соседните земји и соседните народи. Секогаш во историјата беше место за средба на култури, народи, трговија, мултидимензионална економија и само како такво може да има перспектива во иднина, рече грчкиот премиер.

Истакна дека сите во минатото се погрижиле да се создаде впечаток дека градат ѕидови пред соседните народи, а во суштина изградиле ѕид за Грција и можностите за развој на регионот.

„И кога наводно градеа ѕидови, она што го направија беше да го поттикнат иредентизмот на нашите соседи, а во исто време да создадат услови за изолација за нашата земја, додаде Ципрас во обраќањето.

Додека траеше говорот на грчкиот премиер во салата за конференции на солунскиот саем, мала група граѓани одржа протест, извикувајќи слогани против Договорот од Преспа.

актуелно договр мир пријателство соработка ципрас
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во Франција протестираа повеќе од 600.000 луѓе барајќи повисоки плати

ноември 6, 2026

Зеленски: Шпанија ќе ѝ додели на Украина воена помош од 437 милиони евра

ноември 6, 2026

ЕК: Изборните дезинформации и странските манипулации со информации остануваат недоволно истражени

ноември 6, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.