Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ципрас: Сакам да верувам дека Европа многу бргу ќе ја сфати грешката со Северна Македонија
Македонија

Ципрас: Сакам да верувам дека Европа многу бргу ќе ја сфати грешката со Северна Македонија

ноември 14, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Сакам да верувам дека Европа многу брзо ќе ја сфати грешката што ја направи со Северна Македонија и сакам да верувам дека многу брзо ќе се смени одлуката, бидејќи оваа одлука не е вечна, вели лидерот на СИРИЗА и поранешен премиер на Грција, Алексис Ципрас во интервју за локалната телевизија „Флеш“ од грчкиот град Козани за време на неговата посета на градот, јави дописничката на МИА од Атина.

Во однос на последните случувања и неодредениот датум од ЕУ и како тоа би влијаело на Договорот од Преспа, Ципрас истакнува дека неговата проценка е дека „договорот не е во опасност, а ако нешто е во опасност тоа е политичката стабилност во соседната земја“ и изразува надеж дека Европа многу брзо ќе ја сфати грешката и ќе ја смени одлуката.

„Според мое мислење оваа одлука беше погрешна и историски неточна, сепак, сѐ уште имам надеж дека оваа одлука ќе се промени и требаше грчката Влада да има главна улога за да се смени оваа одлука, но улогата ја имаат други влади, италијанската и други. Во секој случај, не сум загрижен за стабилноста на овој договор. Секако можеби господинот Мицотакис е загрижен, бидејќи ако дојде неговиот истомисленик, господинот Мицковски, ќе трча да го моли да не го оспори договорот, договор кој самиот го карактеризираше како штетен, рече Ципрас.

Лидерот на СИРИЗА вели дека договорот не се оспорува, а можеби би се оспорил, „ако во иднина, во соседната земја победат националистите и на власт дојдат истомислениците на оние кои во Грција аргументираа против договорот“.

Паралелно тој упати критики до актуелната грчка Влада во однос на позициите за Договорот од Преспа, велејќи дека станува збор за „најголемата политичка хипокризија во последните години“.

Прашан за тоа дали, гледано од овој временски аспект, повторно би го потпишал Договорот од Преспа, Ципрас вели дека одлуката би била иста и објаснува дека тогаш бил свесен за политичката цена, но преферирал да ја преземе политичката цена за да и дадам можност на земјата да се ослободи од тешко нерешено прашање во надворешната политика.

„Сметам дека кога се наоѓаш на одговорна позиција и седиш на премиерската фотелја, во националните прашања не можеш да работиш врз основа на критериумот политичка цена. Патриотската одговорност што ја имаш како премиер е да носиш тешки одлуки, во корист на татковината и не секогаш со критериум партискиот интерес. Во оваа
смисла, да, повторно ќе го сторев истото, веројатно, сега кога отпосле знам колку, моите политички противници го доведоа до крајност прашањето, можеби ќе ракував поинаку, но одлуката ќе беше иста.

Одлуката ќе беше иста, вели поранешниот грчки премиер.

Тој објаснува дека од договорот и многу придобивки и големи придобивки за сите, но и за локалното население.

актуелно грешка Европа северна македонија ципрас
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.