Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Ципрас: Совеста и патриотската должност ми наметнаа да ја искористам историската можност за решавање на името
Македонија

Ципрас: Совеста и патриотската должност ми наметнаа да ја искористам историската можност за решавање на името

јануари 15, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Ви се обраќам на сите вас и ве повикувам да застанете пред вашата совест, но и пред интересот на земјата и народот, и слободно да дадете јасен одговор, имате доверба во оваа влада или не, рече грчкиот премиер Алексис Ципрас на крајот од неговиот говор на почетокот од расправата за гласање доверба на неговата влада и рече дека токму ова е силата на демократијата која ниту се уценува и на крајот ќе победи.

Грчкиот премиер направи ретроспектива на сето она со кое што се соочила неговата влада во изминатите години, што направила, но и што треба да направи во иднина. Говореше за излез на земјата од кризата, од меморандумската политика и мерките на штедење, ја спомена и мигрантската криза, но и Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.

Рече дека со промената на власта кај нас и поразот на Груевски се создала голема можност како за Грција, така и за соседната земја, но и за регионот.

„Голема можност да се реши едно историско, политичко и дипломатско нерешено прашање од многу децении. Мојата совест и мојата патриотска должност ми наметнаа да ја искористам оваа историска можност, знаејќи дека ова ќе има политичка цена. Од прв момент заедно со тогашниот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас  со нашите души и ум му се посветивме на големиот обид за решавање на оваа разлика за името на соседната земја, што претставуваше и претставува, доколку и натаму не се реши, голема тежина во дипломатијата и надворешната политика на земјата, но и голем трн за стабилноста на регионот, рече грчкиот премиер.

Ципрас истакна дека во овие напори се посветиле со чувство на одговорност кон историјата, кон националниот интерес, но и со чувство на одговорност кон иднината на земјата и регионот, за да се надгради лидерската улога на Грција на Балканот и во источниот Медитеран.

„Сигурен сум дека ова што го правиме е правилно, бидејќи секогаш она што е национално корисно е правилно. И сум сигурен дека ова што го правиме е патриотско. Бидејќи, како што многу пати имам кажано, патриотизам не е да ја мразиш татковината на другиот, патриотизам е да ја сакаш твојата татковина и да сакаш да ја видиш да оди напред во услови на солидарност и соработка со соседите, но и со меѓународната заедница во целост. Патриотизам не е да бидеш лицемер и опортунист  пред големите национални прашања, рече Ципрас.

Во однос на неговиот, до неодамна, коалициски партнер во владата, Ципрас рече дека несогласувањето на Каменос со владината позиција за сложено име е она што го натера да си замине. Грчкиот премиер истакна дека не се согласува со ставот на лидерот на Независни Грци, но ја почитува неговата позиција, а изрази несогласување во однос на одлуката за повлекување од владата.

„Му кажав и него ќе кажам и јавно. Сметам дека греши, мислам дека не постапува правилно.  Исто така не сметам дека опција како оваа беше неизбежна бидејќи овој избор ја стави, ги стави во опасност, обидите на владата, објасни грчкиот премиер во парламентот, пренесе МИА.

По завршувањето на говорот на грчкиот премиер, расправата продолжи со обраќања на лидерите на политичките партии.

актуелно Договор патриот преспа ципрас
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.