Цитроен, вториот историски бренд на ПСA, го претстави во Дефанс Арената во Париз, новиот електричен миниавтомобил по цена од 6900 евра, произведен во својата фабрика во Кенитра во Мароко, јави дописникот на МИА.
Возилото, именувано АМИ, ќе се нуди и за 19,99 евра месечно, цената на една телефонска претплата за мобилен оператор во Франција.
Автомобилот на пазарот ќе се појави во јуни и го означува пристигнувањето на првата нова генерација на ПСА електрични модели на марката Цитроен, шест месеци по тие на Пежо,Опел и ДС…
Автомобилот е долг само 2,41 м, во форма на коцка или како што велат Французите „чамче за јогурт“ може да се купи само преку Интернет.
Наменет првенствено за урбана и млада публика, АМИ ќе може да превезува две лица и да се вози без возачка дозвола.







