Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ЦРКОВЕН РАСКОЛ: Се подготвува голем бунт против Папата
Во Фокусот

ЦРКОВЕН РАСКОЛ: Се подготвува голем бунт против Папата

јуни 25, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Папата Франциско ја загуби контролата врз својата либерална револуција, пишува порталот Политико“, наведувајќи дека се кува голема побуна против популарниот верски водач, и тоа во истиот географски регион којшто во 16 век го изнедри протестантското реформаторско движење.

Во текстот потпишан од Бен Мунстер се наведува дека главното движење на отпорот кон пребавната либерализација на Католичката црква расте во Германија, но дека либералните реформатори се силни и во Швајцарија и Белгија.

Папата Франциско има репутација на реформатор, дури и на популист, а познато е дека не му се допаѓа на конзервативното крило на католичкото свештенство.

По доаѓањето на чело на Црквата, Папата воведе низа иницијативи и реформи со кои се воведоа вистински промени: тој, меѓу другото, отвори канцеларии во Ватикан на чие чело се жени, неговата филозофија е проткаена со духот на толеранција кон сексуалните малцинства, а во една прилика изјави дека „рајот е отворен и за атеистите“.

Многу негови потези се толкуваат како настојување на Папата да проектира слика на духовност и понизност.

Но, додека отпорот на конзервативното крило во САД, Африка и Ватикан е намален, бунтот, за кој Мунстер пишува, му се заканува од црковните либерали кои веруваат дека се потребни реформи затоа што верниците заминуваат поради скандали (како што се сексуално злоставување извршено од свештеници) и заташкувањето на тие злосторства од страна на црквата, отпорот кон хомосексуалните бракови и правата на транссексуалците.

„Папата вети дека ќе ја освежи Католичката црква. Меѓутоа, нема значајни промени. Црквата сè уште е старомодна и во проблеми. Затоа Германците се обидуваат да го трасираат својот пат“, рече Томас Содинг, потпретседател на Централниот комитет за германските католици, кој учествуваше на конференцијата во Берлин.

На неа минатиот ноември се собраа неколку стотици германски католички политичари, теолози и лидери во индустријата за да разговараат за предлозите за промени во Црквата.

Меѓу политичарите кои учествуваа како активни верници беше и германскиот политичар во Брисел, Манфред Вебер. Пред насобраните се обратија бизнисмени како Хилдегард Милер, претседателка на Германското здружение на автомобилската индустрија.

Германците на конференцијата во прв план ја изнесоа потребата од демократизација во рамките на Црквата, создавање на т.н. „Синодален пат“, за да може на такви католички собири „препораките да се преточат во пракса“.

Самиот Папа ги поттикна ваквите „демократски синоди“, кои ги замислуваше како форуми кои ќе ги заинтересираат верниците да учествуваат на нив, но улогата на Црквата требаше да биде да сослуша, а не да ги слуша верниците.

Но, католичките прогресивци во Германија со две раце ги прифатија истите како прилика за промени.

„Хуманистичката наука потврдува дека има повеќе од два пола, но Папата тоа го отфрла! Никој не знае во која насока тој оди, постојано се предомислува. Во неговото постапување нема мисла водилка, нема логика“, грмеше против Папата на состанок во хотелот „Титаник Чауси“, германскиот теолог и етичар, Андреас Лоб-Худепол.

Сличните коментари и ставови предизвикаа голема загриженост во Ватикан.

Сето ова е поврзано со германската иницијатива да се благословат истополовите парови и да се протурка реформа во одлучувањето на Црквата со цел „да се запре заминувањето на верниците“.

Синодите претходно беа резервирани само за свештенството, но промените на Папата им овозможија на лаиците да ја протуркаат својата агенда.

„Огромното мнозинство граѓани се сомневаат во исправноста на праксата Црквата да ја водат избрани свети луѓе“, рече во овој контекст Содинг.

Поради ваквите ставови, сите зборуваат за раскол во црквата, а многумина го нагласуваат фактот дека незадоволството се проширило низ историскиот лутерански регион.

Еден истакнат архиепископ неодамна зборуваше за „најголемата криза внатре во црквата од времето на реформацијата“.

Бунтот против авторитети во свештенството се прошири и надвор од Берлин, пишува авторот. Бискупите во Белгија претходно оваа година објавија „Синодски манифест“ во кој повикуваат на некои од реформите што ги бараа Германците. Меѓутоа, Белгијците се повоздржани од Германците, па во него побараа одобрение од Ватикан.

Бискупот Феликс Гмур од базелската бискупија во Швајцарија е најдобар пример за тоа колку е силен притисокот на верниците.

За „Политико“ раскажа за иницијативата на католичките лаици кои, по откривање на случај на сексуална злоупотреба на дете во Швајцарија, побарале од бискупот да ангажира надворешно тело во истрагата на случајот и да се воведе архива што ќе спречи уништување на документи кои би можеле да послужат како докази.

Во швајцарскиот случај, верниците се заканија дека ќе ѝ скратат на Црквата околу половина милион франци доколку бискупот не ги прифати барањата (верниците ја финансираат црквата со донации).

„Вие не сте мои претпоставени“, им возвратил бискупот, објаснувајќи дека тоа не оди така.

Трендовите во западните заедници ги загрижуваат висопозиционираните свештеници во другите делови на Европа.

Во источна Европа, каде конзервативното крило станува се помоќно и поангажирано, поранешниот надбискуп од полскиот град Познањ, Станислав Гадецки, ги коментираше случувањата во Берлин.

„Документите силно потсетуваат на протестантската теологија и на јазикот на модерната политика“, смета Гадецки.

Црковните свештеници кои ја коментираа темата сметаат дека институција стара 2000 години не може да функционира по принципите на демократијата.

„Погрешно го разбраа папата“, изјави за „Политико“ кардиналот Жан-Клод Холерих, близок соработник на Папата.

Според него, германската црква е жртва на агресивното влијание на либералните лобисти и културната поларизација во американски стил.

„Таквото политизирање може да го уништи единството на Црквата“, предупреди кардиналот.

Досегашните постапки на Папата во голема мера се сведени на попатна најава за прогресивна идеја, после која следи бунт од конзервативната страна, повлекување на Папата и гнев на прогресивците, пишува „Политико“. Потоа Папата донесува разводенета верзија на предлогот, создавајќи нова бура. Резултатот од тоа е, велат експертите, Црква со две брзини, во која Папата се обидува да ги задоволи сите, што честопати се сведува на препуштање на толкувањето на локално ниво. Таквите регионални разлики постоеле отсекогаш, но никогаш толку експлицитно не доаѓале од врвот.

Папата се најде меѓу чеканот и наковалното, фатен меѓу либералната Европа и главно конзервативниот „глобален југ“, а се чини дека повеќе од времето се обидува да ги задоволи спротивставените страни.

Со оглед на тоа дека Папата има 87 години и е со кревко здравје, многумина се незадоволни што во Ватикан нема посилна струја која што го поддржува неговиот толерантен пристап како своевиден конзервативен либерал. Прашање е и колку долго после неговото заминување ќе останат неговите политики.

актуелно бунт Ватикан Папа раскол црква
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.