Висока делегација на Црна Гора предводена од министерот за европски прашања и главен преговарач на Црна Гора во преговорите со ЕУ, Александар Пејовиќ, денеска во Скопје ќе има средба со владина делегација предводена од вицепремиерот задолжен за европски прашања Бујар Османи.
Целта на посетата е одржување на третиот состанок на заедничкиот комитет помеѓу РепубликаМакедонија и Црна Гора во рамки на договорот за соработка меѓу двете влади во процесот на европските интеграции.







