Во текот на изминатото деноноќие на територија на државата се регистрирани 21 пожар, информира утринава Центарот за управување со кризи (ЦУК). Од нив, три пожари се активни, еден е под контрола, а 17 се изгаснати.
Активни се пожарите кај велешките села Џидимирци, Крушје и Иванковци, каде што е зафатена мешана шума, помеѓу селата Црешнево, Локвица и Крапа во Македонски Брод, каде што горат деградирана дабова шума, грмушки и ниска вегетација и кај селото Нивичино во Василево, каде што е опожарена нискостеблеста шума.
Под контрола и натаму останува пожарот во дојранско Николиќ, каде што гори нискостеблеста шума.
Во текот на изминатото деноноќие изгасени се 17 пожари на отворен простор и тоа:
Општина Чучер Сандево: село Мирковци, кај манастирот Св.Илија, м.в.Чардак (ниска вегетација)
Општина Карпош: ул.Бриселска (ѓубре)
Општина Арачиново: село Арачиново (ниска вегетација)
Општина Илинден: село Илинден (ниска вегетација)
Општина Студеничани: село Батинци (ниска вегетација)
Општина Студеничани: ул.7 во село Батинци (ѓубре и даски)
Општина Гази Баба: клучка Илинден – Арачиново (ѓубре и ниска вегетација)
Општина Битола: село Лавци – Смолево (шума и ниска вегетација)
Општина Прилеп: над аквапарк Салида (ниска вегетација)
Општина Прилеп: кај бензинска Салида (ниска вегетација)
Општина Василево: помеѓу село Пиперево и село Василево (стрниште и ниска вегетација)
Општина Охрид: село Буково (депонија)
Општина Охрид: село Требеништа (ниска вегетација)
Општина Пробиштип: помеѓу селата Троoло и Петришино (ниви со житна култура и ниска вегетација)
Општина Куманово: село Умин Дол, во двор на ОУ Карпош (ниска вегетација)
Општина Тетово: Тетово (ниска вегетација)
Општина Гостивар: наплатна рампа Гостивар (ниска вегетација)







