Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Чавушоглу: Со нетрпение ја очекуваме Македонија во НАТО
Македонија

Чавушоглу: Со нетрпение ја очекуваме Македонија во НАТО

јануари 17, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Турција со нетрпение очекува да и посака добредојде на Република Македонија во семејството на НАТО, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу на заедничката прес-конференција во Анкара по средбата со неговиот македонски колега Никола Димитров.

Чавушоглу нагласи дека стабилноста на Македонија е клучна за стабилноста на Балканот, на што Турција придава големо значење и обезбедува поддршка за неговиот економски раст.

Прашан за Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција, Чавушоглу рече дека Турција ќе ја почитува одлуката на македонскиот Парламент.

„Ние ги следиме случувањата поврзани со договорот со Грција. Ќе ја почитуваме одлуката на македонските граѓани и на македонскиот Парламент и во наредниот период ќе продолжиме да ја признаваме Македонија под нејзиното уставно име. Ова е одлука на македонската Влада и се надевам дека со неа ќе бидат отстратени пречките за нејзиниот пат кон Европа, рече Чавушоглу.

Истакна дека Турција и Македонија имаат силни врски кои датираат од пред многу векови, нагласувајќи дека и билатералните политички релации се одлични.

Тој се заблагодари за поддршката што Македонија и ја дала на Турција за време на обидот за државен удар.

„Никогаш нема да ја заборавиме поддршката што Македонија ни ја даде по обидот за државен удар, рече Чавушоглу.

За време на разговорите, како што соопшти македонското МНР, Димитров се осврнал на напорите на земјата за членство воНАТО и ЕУ.

„Ги затвораме отворените прашања со цел да ја извадиме Македонија од равенката на несигурност, преку членството во НАТО и ЕУ. Во исто време не смееме да ги заборавиме нашите пријатели кои не’ поддржуваат на тој пат од самиот почеток, истакнал Димитров.

На средбата во насока на натамошно градење на блиски, пријателски и партнерски меѓусебни односи, се дискутирало за можностите за подобрување на соработката во економијата, инвестициите, образованието, културата итн. На крајот на средбата двајцата министри потпишале Меморандум за соработка во областа на информатичките технологии и дипломатските архиви помеѓу Министерствата за надворешни работи на двете земји.

Министерот Димитров денеска се сретнал и со претседателот на Големото народно Собрание на Република Турција, Бинали Јилдирим, со кого размеиле ставови за унапредување на комуникациите меѓу највисоките законодавни тела во двете држави во сферата на парламентарната дипломатија и особено поттикнувањето на конкретни и заеднички активности помеѓу Групите за пријателство и повеќе комисии во двата Парламенти.

Предвидено е тој за време на посетата на Турција да има средби со министерот за одбрана, Хулуси Акар и високи претставници во Кабинетот на претседателот Ердоган.

актуелно димитров Европа македонија НАТО чавушоглу
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.