Фудбалерите на Челси се пласираа во полуфиналето на ФА купот откако вечерва во Лондон го победија Манчестер јунајтед со 1:0.
Победничкиот гол го постигна Н’Голо Канте во 51 минута кога после додавањето од Вилијан шутираше од околу 20 метри по средината на голот, топката отскокна го измами голманот и заврши во мрежата на Дехеа.
Јунајтед од 35 минута играше со десет играчи, затоа што Андер Ереро доби втор жолт картон.
Манчестер во Лондон допатува ослабен, без најдобриот стрелец Златан Ибрахимовиќ, кој поради суспензија не беше во екипата.
Челси во финишот на мечот го опседна голот на Јунајтед, но не успеа да постигне гол.
Гостите најдобрата шанса ја имаа во шеесеттата минута од натпреварот, кога Маркус Рашфорд шутираше, но Тибо Куртоа одлично одбрани.
Во Премиер лигата моментно Челси е прв, со 10 бодови предност во однос на второпласираниот Тотенхем.







