Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
  • Питер Маџар „веднаш“ им честиташе на лидерите на Студентскиот список
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Челси славеше, Тери се прости, Венгер губитник на сезоната
Фудбал

Челси славеше, Тери се прости, Венгер губитник на сезоната

мај 22, 20170
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Некои од големите тренерски ѕвезди мораа да бидат губитници во сезоната во Англија, затоа што место во Лигата на шампиони немаше за сите. Последното коло, во кое немаше изненадувања, потврди дека тоа е Арсен Венгер, менаџерот на Арсенал, кому триумфот над Евертон не му значеше ништо – 3:1 (Бељерин 8, Санчез 27, Рамзи 90+1 – Лукаку 58, пенал). „Топчиите“ завршија на пето место кое води во Лига Европа.

Францускиот тренер после 19 години во низа не ја внесе својата екипа во најелитното натпреварување на УЕФА.

А, во Лигата на шампиони се враќа Ливерпул, кој во финишот на првиот дел го скрши отпорот на Мидлсборо, и на крајот славеше со убедливи 3:0. Триумф за второ место во Премиер лига.

Третата позиција Манчестер сити ја сочува со „петарда“ на гостувањето кај Вотфорд. Головите за „граѓаните“ ги постигнаа Компани во 5 минута, Агуеро во 23-та и 26-та, Фернандињо 41-ва и Габриел Жесус во 58 минута.

И додека Арсенал, Ливерпул и Манчестер сити за своите цели се бореа до самиот крај на првенството, Челси последните 90 минути ги искористи  на најдобар можен начин да го прослави освојувањето на шестиот пехар во историјата на клубот. Жртва на разиграните „сини“ беше последнопласираниот Сандерленд.

Стрелци за Челси беа Вилијан во 8, Азар во 61, Педро 77 и Батшуаи во 90 и 90+2, а Манкињо во 3-та минута за Сандерленд.

 

Овации за Тери

 

Стадионот „Стамфорд бриџ“ во 26 минута беше преплавен со емоции, затоа што тогаш легендарниот капитен Џон Тери излезе од игра, со што се прости од Челси после 22 години. Соиграчите му направија почесен шпалир низ кој, со овации, го напушти теренот.

 

 

 

Тотенхем со „седмица“ го овери освојувањето на второто место. Само три дена откако на Лестер му ја наполни мрежата (6:1), денеска на гостувањето кај Хал покажа уште поголема ефикасност. Кејн во 11,13 и 72, Али 45+2, Ванијама 69, Дејвис 84 и Алдервирелд 87 беа стрелци за Тотенхем, а Клукас во 66 минута за Хал.

Манчестер јунајтед практично со резервен состав беше подобар од Кристал Палас и победи со 2:0, со головите на Хароп во 15 и Погба во 19 минута.

Арсенал Манчестер Сити премиер Тотенхем Челси Џон Тери
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Португалската федерација го суспендираше Роналдо и го казни парично со 255 евра

октомври 20, 2026

Македонските фудбалери до 21 година одиграа нерешено со Црна Гора

октомври 2, 2026

Јамал стана најмладиот фудбалер кој достигна 50 гола во врвна европска лига

септември 2, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.