Претседателот на Македонското друштво „Илинден” со седиште во Тирана, Никола Ѓурѓај, денеска упати честитка по повод верскиот празник Велигден до поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан и до православните верници.
„Дозволете ми во мое лично име, во име на Македонското друштво „Илинден“ и на сите Македонци кои живеат во Република Албанија, на Вашето свештенство и на сите православни верници, да ви го честитам големиот Христијански празник, Воскресението Христово-Велигден. Радувајќи се на Воскреснието Христово-Велигден, да се помолиме и да си посакаме убави празнични денови, а убавите мисли и дела, честа и достоинственоста да не следат, и да се постојано со нас и оваа година“, се
вели во честитката од македонското друштво „Илинден” од Тирана.
Честитка по повод Велигден упати и партијата на македонците, Македонска алијанса за европска интеграција и општина Пустец, со желби за здравје, спокој и благосостојба.
„Чествувањето на Празникот над празниците, Христовото воскрсение Велигден е дел од нашето духовно и национално богатство. Празнувањето на овој светол ден е темелот на нашата вера и не учи на заедништво, да си помагаме еден со друг и да го почитуваме семејството и блиските“, стои во честитката.
Како што информираше отец Алексо Темелко во чест на Велигден, Света Боженствена Литургија ќе се Богослужи во црквата „Св. Архангел Михаил” во Пустец







