Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери упати честитка по повод католичкиот празник Раѓање Христово – Божик до Католичката црква во Македонија, бискупот скопски и апостолски егзарх Киро Стојанов и до сите припадници на католичката вероисповед.
„Дозволете ми, од свое лично име и од името на пратениците во Собранието на Република Македонија, Вам лично и на припадниците на католичката вероисповед, да Ви го честитам големиот христијански празник, Христовото раѓање – Божик. Овој голем христијански празник и претстојните празнични денови, нека донесат добра мисла, спокој и единство за сите.
„Радоста што овие денови ја носат, споделете ја со најблиските и нека овие денови бидат исполнети со многу среќа, здравје и благосостојба во вашите домови. Сите заедно, сплотени, да се стремиме кон подобра иднина за сите граѓани на Република Македонија, пишува во честитката на претседателот на Собранието Џафери.







