Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати честитка по повод празникот Свети Климент Охридски до поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архиепископот охридски и македонски Стефан и до сите православни верници.
Во неа претседателот додава дека во изминативе години исполнети со политички кризи, за жал, дел од овие навики паднаа во заборав. – Во основата на сите кризи е моралната криза.
Единствен начин како трајно да се надмине политичката, е, пред се, да се надмине моралната криза на нашето општество, преку враќање кон трајните морални и етички вредности и принципи кои пред повеќе од 11 века ни ги пренел св. Климент Охридски.
Така ќе успееме да изградиме хумано и праведно македонско мултиетничко и мултирелигиско општество, се наведува во честитката







