Три лица го загубија животот во сударот на два патнички воза којшто се случи вчера на југозападот на Чешка, а повредени се десетици патници.
Од Чешки железници информираат дека во сударот учествувале локалниот патнички воз и меѓународен брз воз којшто се движел на Релација од Минхен за Плзењ и понатаму за Прага.
Полицијата соопшти дека несреќата се случила нешто после 8 часот утрината во близина на градот Милавче. Меѓу загинатите се машиновозачите на двата воза и една патничка.
Десетици луѓе се повредени, од кои пет потешко, се наведува во соопштението на Пожарникарско-спасувачката служба на Плзењ.
Четири хеликоптери ги превезувала повредените во лиските олници и во Прага, додека тројца патници се превезени во болница во Германија.
Регионалната спасувачка служба ја информираше јавноста дека болничко згрижување било потребно за 52 патници.
На местото на настанот на помош пристигнале и спасувачи од Германија да им помогнат на чешките колеги во извлекувањето на повредените.
Чешкиот министер за сообраќај Карел Хавличек изјави дека причина за несреќата најверојатно е човечка грешка, и дека машиновозачот на брзиот воз не запрел на одредено место.
„Состојбата е сериозна“, рече Хавличек.