Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Членките на НАТО го ратификуваат пристапниот Протокол, пред Владата кренато знамето на Алијансата
Македонија

Членките на НАТО го ратификуваат пристапниот Протокол, пред Владата кренато знамето на Алијансата

февруари 13, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Процесот на ратификација на Пристапниот протокол за членство на Македонија во НАТО од страна на националните парламенти на земјите-членки на Алијансата веќе почна да добива свој,дури би рекле, забрзан тек.

По ратификацијата во грчкиот Парламент во петокот, Словенија вчера беше втората држава која го ратификуваше Протоколот за НАТО. Најавено е дека во четврток тоа ќе го стори и албанскиот Парламент, а веќе следната недела според бугарската министерка за надворешни работи се очекува тоа да го стори и Бугарија. Најави има дека и Црна Гора наскоро ќе им се приклучи на државите кои ќе го ратификуваат Пристапниот протокол.

Очекувањата се дека процесот на ратификација треба да заврши за една година поточно до крајот на оваа или почетокот на идната година.

Ратификацијата следи откако на 6 февруари во Брисел, во присуство на министерот за надворешни работи Никола Димитров, беше потпишан Протоколот од страна на амбасадорите на земјите-членки на Алијансата.

И додека во парламентите на земјите-членки на Алијансата тече процесот на ратификација, во Македонија вчера беше кренато знамето на НАТО пред зградата на македонската Влада.

Во обраќањето пред присутните, премиерот Зоран Заев рече дека државата е на вистинскиот пат кон прогрес и непречен развој и оти со својата мирољубива политика ќе докажеме дека членството во НАТО е најдоброто решение за стабилноста на државата и за стабилноста на регионот.

„Успеавме од споредниот балкански колосек на кој чекавме со децении, да се вративме на главниот автопат кон Европа. Во периодот што следува ќе бидеме директни учесници во најзначајниот период од осамостојувањето на државата во кој сами ќе одлучуваме за нашата иднина, истакна Заев.

Порача дека без оглед што станува збор за настан од историско значање, сепак, треба да се гази цврсто на земја и оти треба да ги забрзаме историските процеси и да се посветиме на членството во Европската унија.

„Тоа значи да ги средиме односите во нашиот дом, во нашето семејство, во нашата татковина, да функционираме како систем и како општество. Правда и нула толеранција за корупцијата. Во институциите нема место за оние кои со своето работење ја изневеруваат довербата за лични интереси и привилегии, корумпираните ќе се соочат со одговорност. Поткуп, личните интереси и привилегии нема да бидат начин на кој се води бизнисот во нашата земја. Секој мора да ги следи правилата, нагласи Заев.

Патот кон НАТО се отвори откако Македонија и Грција го решија повеќедеценискиот спор околу името. Согласно Договорот од Преспа, Македонија треба да го промени името во „Северна Република Македонија“.

актуелно влада НАТО приостапен договр
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.