Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?
  • На денешен ден пред деветнаесет години Тоше Проески трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка
  • СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?
  • Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции
  • Осум земји го обвинуваат OpenAI за загрозување на децата: Тие бараат промени во работењето на ČetGPT
  • Епидемијата на ебола во Демократска Република Конго се шири, вирусот стигна до нова провинција
  • Земјотрес го стресе Нов Зеланд од 5,1 степен
  • Наскоро следува продолжен викенд
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шаленберг: Билатералните и историските прашања треба да останат надвор од преговарачкиот процес
Политика

Шаленберг: Билатералните и историските прашања треба да останат надвор од преговарачкиот процес

декември 21, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Австрија е многу разочарана што не беше постигнат договор за почнување на преговорите со Северна Македонија бидејќи наш став е дека билатералните и историските прашања треба да бидат оставени надвор од процесот на преговори.
Северна Македонија направи се што беше потребно за почеток на преговорите и мислам дека би било фер што поскоро да се случи“, порача сојузниот министер за Европа и надворешни работи на Република Австрија, Александер Шаленберг по средбата што во Виена ја имаше со министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Ние, рече тој, сме многу разочарани што не постигнавме договор за почеток на преговорите до крајот на оваа година со Северна Македонија и Албанија.

„Од наша гледна точка, моја гледна точка тоа беше неопходно да се направи. Да бидам јасен, нашиот став е дека билатералните и историските прашања треба да останат надвор од преговарачкиот процес. Вие добро рековте дека процесот на проширување на ЕУ е процес на европеизација, а не на билатерализација и тоа така треба да биде. Ова беше нашата позиција и за прашањето за името со Грција додека тоа беше на агендата“, рече Шаленберг.

Тој истакна дека Северна Македонија е земја модел што се однесува до процесот на пристапни преговори. Се направивте добро, рече тој, и додаде оти затоа е на став дека би било фер што поскоро да се отворат
преговорите со ЕУ. „Може да сметате на австриската поддршка што се однесува до ова прашање, бидејќи Западен Балкан е дел од нашата безбедносна, културна и економска политика. Ние не сакаме во иднина на југот на мапата на ЕУ да гледаме празен простор“, рече австрискиот министер.

Тој нагласи дека Северна Македонија може да смета на австриска поддршка и во борбата против пандемијата и обезбедувањето на потребните вакцини. Ќе се потрудиме, потенцира Шаленберг, да направиме се вакцините да пристигнат во земјите од Западен Балкан во исто време кога и во земјите членки на ЕУ.

Средбата со Османи тој ја оцени како средба на пријателски земји во добри односи кои постојано се унапредуваат.

Двете земји, рече, станаа уште поблиски по страшниот терористички напад што се случи во Виена на 2 ноември, заблагодарувајќи се притоа за иразите на поддршка и
сочувство што Северна Македонија ги испрати до Австрија во моментите по нападот.

актуелно преговарачки процес шаленберг
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Заев, Филипче и Барбов сакале набрзина да го затворат случајот со Ива Михаилова?

октомври 16, 2026

СДСМ: Ново задолжување од 92 милиони евра на 20 октомври, уште колку?

октомври 16, 2026

Маск: Старлинк не е наменет за офанзивни операции

октомври 16, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.