Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шаленберг: Преговорите се како Тур де Франс, не треба да постои дискриминација кој е на стартната позиција
Политика

Шаленберг: Преговорите се како Тур де Франс, не треба да постои дискриминација кој е на стартната позиција

октомври 7, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Преговорите со Европската Унија, австриски сојузен министер за Европа, интеграција и надворешни работи Александер Шаленберг ги спореди со Тур де Франс – патот е долг, со многу патеки и потешкотии.

Шаленберг, кој е во посета на Северна Македонија на прес-конференцијата по средбата со шефот на дипломатијата Никола Димитров изјави дека позицијата на Австрија е јасна – Северна Македонија и Албанија треба да добијат датум за почеток
на преговори. -Овој процес може да го споредам со Тур де Франс.

Не е важно само кој ќе биде на стартната позиција, понатаму има многу етапи, стази и патот е долг, но верувам дека не треба да постои дискриминација во врска со тоа кој треба да стои на стартната линија на оваа тура, рече Шаленберг.

Нагласи дека не случајно земјава ја посетува сега, тајминот е наменски, пред престојниот Европски совет.

„Оваа посета е сигнал на поддршка и солидарност со Северна Македонија. Следната седмица е клучниот момент, во ЕУ кога ќе мораме да донесеме одлуки за идното пристапување на Северна Македонија и Албанија и ве уверувам дека Австрија има јасна позиција во врска со тоа. Веруваме дека вашата земја заслужува да го направи следниот чекор. Скопје ги испорача резултатите, сега е ред на Брисел да го испорача своето. Тоа е нашата позиција“, рече автрискиот министер.

Нагласи дека следната седмица сите земји-членки нема да имаат исто мислење, но тој е оптимист и уверен е дека во Брисел ќе бидат постигнати позитивни чекори и ќе биде дадено зелено светло за преговорите.

Австрискиот државен врв, додаде тој, стапил во контакт со нивните колеги од другите земји-членки за да се уверат дека во Брисел ќе биде донесено правилното решение.

Димитров нагласи дека фокусот на денешната средба бил претстојниот Европски совет и додаде дека ова за земјава не е само уште еден ЕС.

„Решивме тешки прашања во период кога во Европа, па и во светот нема многу решенија на проблемите посебно на големи проблеми. Имаме еден демократски пресврт со сите минуси и грешки, кои за жал уште ги правиме, но македонското општество е позрело и подемократско од пред три години. Тоа е факт, правиме скокови во слободата на медиумите, во независноста на судството, има повеќе одговорност, има очигледно независна антикорупциска, има добри и видливи реформи во секторот разунавање – се заедно заслуживме да го направиме следниот чекор кој е
почеток на европскиот пат, не е крајот“, нагласи Димитров.

Билатералните односи двајцата министри ги оценија како одлични, расте трговската размена, а Австрија е инвеститор број еден во земјава.

Шаленберг нагласи дека австриските компании имаат голем интерес за натамошно инвестирање во земјава.

Тој и се заблагодари на земјава и за соработката во справувањето со мигрантите.

Потсети дека Австрија има најмалку десет полицајци на границите и додаде дека ќе продолжи поддршката во таа насока, со оглед на тоа што изминатиот период е забележано одредено зголемување на мигрантите.

актуелно преговори шаленберг
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.