Ајнтрахт со одлична игра денеска во Франкфурт го декласираше минхенски Баерн со 5:1 во натпревар од Бундеслигата.
Српскиот фудбалски репрезентативец Филип Костиќ го „отвори“ првакот со гол во 25 минута, кога искористи еден отпадок и го совлада Мануел Ноер, само 14 минути од исклучувањето на Џером Боатенг.
Половина час подоцна Костиќ му асистираше на Џибрил Соу после одличниот продор, а потоа Роберт Левандовски намали на 2:1.
Меѓутоа, домаќините не застанаа тука. Во продолжението погодија и Давид Абрахам, Мартин Хинтегер и Гонзало Пасијенсиа.
Историскиот триумф на Ајнтрахт против баварскиот гигант, трет оваа сезона, по оние на Борусија Менхенгадбах и на Лајпциг, го поттурна тренерот на Баерн, Нико Ковач кон излезната врата.







