Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент

октомври 26, 2026

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна

октомври 26, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Честитки до Студентската листа од Европскиот парламент
  • Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа
  • Најновите анализи на водата покажаа дека водата во Скопје е безбедна
  • Горивата од полноќ со нови цени
  • Времето променливо и облачно со локален дожд
  • Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија
  • Марта Кос: Србија го кажа своето, може да започне ново поглавје
  • Питер Маџар „веднаш“ им честиташе на лидерите на Студентскиот список
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шахпаска: Политизирање на состојбата, ставање на кризата со вирусот во каков било друг контекст, освен здравјето на граѓаните, нема да помогне
Македонија

Шахпаска: Политизирање на состојбата, ставање на кризата со вирусот во каков било друг контекст, освен здравјето на граѓаните, нема да помогне

јуни 3, 20200
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Скопје, 3 јуни 2020

Вирусот Ковид 19 е реална појава и затоа никој не смее да ја игнорира оваа закана, бидејќи на тој начин ја загрозува личната и колективната здравствена состојба.

Секаде во светот се применуваат истите мерки за заштита на населението, како основна алатка за намалување на ширењето на заразата.

Онаму каде има добри резултати, тоа е така затоа што се почитуваат мерките и препораките на здравствените власти.

Почитувањето на заштитните мерки–носење на заштитна маска, одржување физичка дистанца, хигиена и дезинфекција остануваат единствениот начин, со кој може да се заштитиме како поединци и како општество.

Рестрикциите и повторно затворање се непожелни и може да ги избегнеме само со многу дисциплинирано однесување и прифаќање на новите правила на однесување.

Ова се сериозни времиња, кога сите треба да се однесуваме одговорно, а не да шириме политканство и неосновани обвинувања.

Комисијата за заразни болести е составена од стручни и квалификувани професионалци во областа, со огромна доверба од граѓаните и секој неоснован и политички напад кон неа ја попречува нејзината работа.

Сите одлуки кои досега ги донесе оваа Комисија дадоа резултат затоа што беа епидемиолошки издржани, само и единствено во интерес на заштита на колективното здравје и ставање на епидемијата под контрола.

Сите одлуки или препораки на Комисијата се темелат на претходна анализа на актуелната состојба.

Членовите на комисијата за заразни болести, пред сè се медицински лица, стручни медицински работници кои секојдневно го даваат својот максимум и покрај редовната прекумерна работа што ја имаат како лекари, епидемиолози, инфектолози во борбата со Ковид-19.

Политизирање на состојбата, ставање на кризата со вирусот, во каков било друг контекст, освен здравјето на граѓаните, нема да помогне, а нападот врз Комисијата за заразни болести и нивно етикетирање дополнително им го отежнува работењето.

Тоа е неодговорно однесување на ВМРО-ДПМНЕ и треба итно да престане.

Почитувани,

Здравствениот систем е подготвен и организиран да се носи со новите заболени од коронавирусот здравствените власти точно знаат што се случува и имаат капацитет да се справат и со овој пик.

Има суштинска разлика помеѓу првиот бран и овој, тогаш не знаевме што може да очекуваме, во која мера може да се прошири вирусот и колку може да се оптовари здравствениот систем.

Сега имаме друга состојба, имаме знаење и ресурси да се справиме и полесно и поефикасно.

Сепак граѓаните се најглавната цел во целокупниот државен систем, влогот на граѓаните и нивната поддршка на институциите се клучни во справување со оваа и секоја друга кризна состојба која го погодува целосното општество.

Сите сме засегнати и како поединци и како држава и сите треба да придонесеме за решавање на проблемот.

Прес-конференција на Јагода Шахпаска, кандидатка за пратеничка на СДСМ од ИЕ 3

Центар за комуникации на СДСМ

граѓани здравје Ковид-19 криза Шахпаска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Османи: Прво Орбан, сега Вучиќ – Кремљ загуби двајца клучни сојузници во Европа

октомври 26, 2026

Сиљановска-Давкова со честитка за исходот на изборите во Србија

октомври 26, 2026

За првпат од 1990 година, СПС нема да има претставник во Собранието на Србија

октомври 26, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.