Два швајцарски града – Цирих и Винтертур – воведуваат минимална плата која ќе изнесува 23,9 односно 23 франци за еден час, со што се приклучуваат на групата покраински кантони кои веќе со прописи ги регулираа најниските можни примања на вработените граѓани.
Минималната плата е вообичаено решение во западните либерални демократии, но сумите што ги воведоа Цирих и Винтертур предничат со нивната висина.
Станува збор за сума од околу 4.000 швајцарски франци месечно, што е околу 4.075 евра.
За споредба, минималната плата во Германија е 2,7 пати помала отколку што ќе биде во Цирих и Винтертур.
Впрочем, 4.075 евра загарантираната минимална плата е повисока од просечната плата во Германија, која е 3.810 евра месечно.
Политичката поддршка за одлуката за висока минимална плата е повеќе од јасна;
во Цирих ја поддржуваат 70 отсто од граѓаните, а во Винтертур 65,5 отсто.
Иницијативата за покачување на минималната плата ја водеа левите партии со тезата дека тие што работат многу мора пристојно да заработуваат.
Ова, сметаат предлагачите на законот, е голем успех. Овој износ на минимална плата, велат, ќе им помогне на 17.000 луѓе во градот Цирих кои моментално заработуваат по 20 или 21 франк на час.
Градскиот совет на Винтертур првично поддржа поумерен противпредлог на иницијативата за минимална плата.
Кога тоа не успеа во парламентот, владата се изјасни за иницијативата „Плата за живот“.
За разлика од нив, дел од политичката сцена е непријатно изненаден од исходот од гласањето, но и од ставовите на граѓаните.
Тие не се чувствуваат удобно со иницијативата. Убедени се дека државата со ова не може да се бори против сиромаштијата. Ваквата одлука, сметаат, дека не придонесува Цирих да стане поатрактивен како деловна дестинација.
Се добива впечаток дека Швајцарија полека и сигурно напредува кон место каде што барем се размислува за задоволување на сите според нивните потреби, што е исто како експериментирање со комунизмот, кој никогаш не успеал да се доближи до толку реални вредности на платите, но и со некои други навидум екстравагантни политички идеи.
Имено, како што двата швајцарски града решија да ја зголемат минималната плата на повеќе од 4.000 евра, така и швајцарската престолнина Берн ја легализираше продажбата на кокаин за зависниците да не бидат препуштени на криминалното милје, а Базел, Цирих и Лозана веќе спроведуваат слична програма, но „само“ за марихуана.
Ситуацијата, ако на швајцарските политички процеси гледаме со зрно цинизам, не е баш идеална: зависник од кокаин од Лозана нема да има посебна корист од легализацијата на кокаинот во Берн, ниту пак од зголемувањето на минималната плата на 4.075 евра во Цирих.
Можеме ли да го предвидиме развојот на случувањата во Базел?
Фото: Роберто Моиола/Робертхардинг преку Афп







