Во последните неколку месеци се повеќе се говори за потребата за подигнување на каматните стапки во Европа, врз основа на што еврото и британската фунта нагло зајакнаа во однос на американскиот долар.
Но, помалку парадоксално, швајцарскиот франк, кој е трета најважна валута во Европа, врз основа на истите вести почна да слабее.
Во моментов, на платформата на Адмирал Маркетс односот EUR/CHF изнесува 1,1400, најслабото ниво на франкот во последните две и пол години.
Зошто слабее швајцарскиот франк?
Швајцарската валута, како и американскиот долар и златото, има статус на „засолниште“ во несигурни времиња. Тоа значи дека зајакнува кога излегуваат лоши политички и економски вести. Токму тоа е главната причина за брзото јакнење на франкот за време на финансиски кризи. Во меѓувреме кризите стивнаа, а сега сме дојдени во ситуација во која дури и Европската централна банка планира да почне да ги крева каматните стапки.
Со оглед на тоа дека пред неколку години токму земјите на еврозоната минаа низ најлоша рецесија, може да се каже дека кризата дефинитивно заврши и дека за глобалната економија следат барем неколку добри години.
Дали франкот ќе продолжи да слабее?
Ако продолжат позитивните трендови во американската и европската економија, може да се очекува продолжување на слабеењето на франкот.
Според повеќето модели за проценка на објективноста на вредноста на валутите, франкот сеуште е најпреценета валута на светот, што значи дека простор за слабеење сеуште има.
Освен тоа, официјалниот став на швајцарската централна банка е дека франкот е премногу силен и дека и штети на швајцарската економија и затоа мора да ослабне. Во таква ситуација аналитичарите на Адмирал Маркетс сметаат дека до крајот на годината може да се очекува слабеење на швајцарскиот франк во однос на еврото од уште неколку проценти.
Ако глобалната економска ситуација навистина продолжи да се поправува, може да се очекува слабеење на американскиот долар и јапонскиот јен, но и пад на цената на златото.
Финансиските инструменти на кои вредност им се зголемува во добри времиња се акциите и индексите на акциите, па според тоа, може да се очекува продолжение на растот. Кога се во прашање валутите, раст на вредноста може да се очекува кај таканаречените „стоковни долари“, односно кај австралискиот, новозеландскиот и канадскиот долар. Овие валути зајакнуваат во добри времиња поради тоа што голем дел од извозот на нивните економии ги сочинуваат суровините и енергенсите, а на нив цената тогаш им расте поради зголемена побарувачка.
(извор: www.seebiz.eu)







