Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“
  • Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто
  • ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ
  • СДСМ: Нема бегање од вистината за Ќуркчиев, тендерот од 1,6 милиони евра и платформата ЗНАМ 2.0
  • Филипче за боледувањата: Така е кога ќе ставите фискултурец за директор на ФЗО
  • ЕУ воведува дигитален идентитет: Личните документи и дипломите ќе се чуваат на телефон
  • ЕК за средбата меѓу Вучиќ и Фон дер Лајен: Беше спонтана, кратка и ненајавена
  • Крмов: Ќе почекаме до понеделник дали ќе се обнови дијалогот за Изборниот законик, па ќе поднесеме измени за укинување на платеното политичко рекламирање
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » ШВЕРЦЕРСКИ ПОТЕГ: ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром „под маса“ го протна спорниот ДУП за Лисиче
Скопје

ШВЕРЦЕРСКИ ПОТЕГ: ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром „под маса“ го протна спорниот ДУП за Лисиче

мај 30, 2024Updated:мај 30, 20240
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Без пренос на седницата и со дополнување на дневниот ред, општина Аеродром на вчерашната седница на Советот го усвои Деталниот урбанистички план ЈИ09 блок 09.01. за дел од населбата Лисиче. Станува збор за спорниот план на булевар „Србија“ во близина на кулите „Џевахир“.

Граѓаните веќе протестираа неколкупати поради носењето на претходниот ДУП поради што општината го повлече и го доработи. Наместо 9 висококатници сега е планирана една зграда со габарит на 12-катница.

На вчерашната седница, овој ДУП воопшто не бил планиран за разгледување. Но, мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ од 16 советници ја изгласале точката на дневниот ред и го усвоиле ДУП-от. Опозиционите партии во советот обвинуваат за шверцерски потег на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски.

„Мнозинството на ВМРО-ДПМНЕ во Совет и градоначалникот Тимчо Муцунски одлучија да ја одмолчат дискусијата и не дадоа ниту еден одговор на прашањата поставени од опозициските советници на СДСМ. Со 16 гласа ЗА и 11 ПРОТИВ беше изгласан ДУП-от за Лисиче без ниту еден изустен збор од Муцунски и советниците на ДПМНЕ. Со цел да го сокријат овој срам, видео материјалот од директниот пренос на седницата на Советот беше избришан од официјалниот YouTube канал на Општина Аеродром. Со усвојувањето на овој ДУП, Тимчо Муцунски и ВМРО-ДПМНЕ овозможија изградба на висококатница на 12 ката, на крстосницата помеѓу булеварите „Србија” и „12-та Македонска бригада“, реагираат од СДСМ.

Според нив, Тимчо Муцунски ја изневерил довербата на жителите на Аеродром, а мандатот кој го започнал со иницијативи за бришење на градежни маркици- го завршува со „бетонизација”.

Од општина Аеродром пак велат дека се е донесено транспарентно и во согласност со забелешките на граѓаните. Тврдат дека со новиот ДУП се предвидени и паркови и зеленило, а се решаваат и проблемите на жителите кои живеат во тој дел на Аеродром.

„Изработката на деталниот урбанистички се реализираше транспарентно и во неколку фази, со вклученост на граѓаните и експертската јавност. Дополнително, ДУП-от за дел од населбата Лисиче доби позитивно мислење од сите надлежни институции, вклучително Министерството за транспорт и врски, Министерство за животна средина, Градот Скопје и сите надлежни институции“, велат од Аеродром и тврдат дека целосно се неточни тврдењата за наводна бетонизација кои се дел од дневно политичките интереси на деструктивни и несериозни политички структури.

Во соопштението на општината не е објаснето зошто точката е ставена на дневниот ред на самата седница, а не претходно како другиот ДУП кој е планиран за расправа на седницата и уредно ставен како точка на дневне ред.

Од Општината нема ниту објаснување ниту зошто преносот и снимката од седницата не се ставени на официјалниот Youtube канал на општината. На тој начин, граѓаните не можат да проверат што се случувало на седницата.

Лисичани веќе реагираа на информациите и за вечерва најавија нов протест.

Сопственик на парцелата каде треба да се гради е „Голден Арт“, градежна компанија која според опозицијата во Аеродром често била донатор на општински активности и на самата општина.

Градоначалникот Тимчо Муцунски е потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и беше избран на последните локални избори во 2021-ва. Во рамките на преговорите за состав на нова влада, за него се шпекулира дека ќе стане или министер или вицепремиер, а го поврзуваат со ресорите евро-интеграции, надворешни работи и одбрана.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

(Извор: ТВ Телма)

аеродром актуелно лисиче план скопје
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.