Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“
  • Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто
  • ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ
  • СДСМ: Нема бегање од вистината за Ќуркчиев, тендерот од 1,6 милиони евра и платформата ЗНАМ 2.0
  • Филипче за боледувањата: Така е кога ќе ставите фискултурец за директор на ФЗО
  • ЕУ воведува дигитален идентитет: Личните документи и дипломите ќе се чуваат на телефон
  • ЕК за средбата меѓу Вучиќ и Фон дер Лајен: Беше спонтана, кратка и ненајавена
  • Крмов: Ќе почекаме до понеделник дали ќе се обнови дијалогот за Изборниот законик, па ќе поднесеме измени за укинување на платеното политичко рекламирање
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шекеринска: Брзо и ефикасно им ги отвораме вратите на компаниите кон тендерите на НАТО
Економија

Шекеринска: Брзо и ефикасно им ги отвораме вратите на компаниите кон тендерите на НАТО

октомври 12, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска денеска ја посети компанијата „Везе Шари“ каде на средба со нејзиниот сопственик, Арбен Абдурахмани разговараа за начините како државата да продолжи да им помага на производителите кои со членството во НАТО треба да бидат поамбициозни, да го зголемат производството, а со тоа да отворат и нови работни места.

„Оваа домашна компанија покажува дека е возможно да се пробиете на НАТО пазарот дури и пред државата да стане членка на НАТО Алијансата. Заедно со сопственикот, нашиот реномиран бизнисмен од ‘Везе Шари’, зборувавме дека постојат начини како државата и понатаму може да им помага на ваквите производители со нашето членство во НАТО да бидат поамбициозни, навистина да отворат нови врати и да овозможат поголем износ и поголемо производство, а тоа значи и повеќе работни места дома кај нас. Тоа е целта на нашиот Центар за поддршка на домашните компании. Сакам уште еднаш да ги повикам домашните компании да се пријават, да ги искористат предностите кои што им ги даваме, а тоа е пред сè една брза и ефикасна процедура. Покажавме дека за само неколку дена можеме и официјално да им ги отвориме вратите на НАТО пазарот и со квалитетот на своите производи, со конкурентната цена да победуваат на овие тендери“, рече министерката.

Шекеринска порача дека Владата е целосно отворена кон агро-бизниснисот и дека ќе продолжи да помага на сите домашни производители да го рашират бизнисот и да отворат нови работни места. Таа честиташе за досегашниот успех на „Везе Шари“ и додаде дека искуството на оваа компанија треба да биде поттик за сите домашни компании да бидат уште поуспешни во своето работење.

„Ова денеска што го видов зборува за веќе две децении ангажман дома и искуство во странство. Во домашното производство и ние како Влада со поддршка можеме да инвестираме, а домашните производители дефинитивно можат да ни го покажат правецот и да ни дадат дополнителни идеи“, истакна министерката.

Директорот на „Везе Шари“, Абдурахмани го поздрави пристапот на Министерството кој овозможува нашите компании да може да извезуваат на НАТО пазарите и ги охрабри сите бизнисмени да се пријават и да бидат уверени дека домашните компании имаат капацитет да ја снабдуваат Алијансата.

„Го поздравувам пристапот на Министерството што овозможува на нашите компании да може да извезуваат на НАТО пазарите и ги охрабрувам сите бизнисмени дека не е толку тешко за да можеме да го снабдуваме НАТО. Ние како компанија уште во 2013 година имаме дозвола за снабдување во НАТО со нашите производи и овој чекор кој го презема Министерството е многу добар и се надевам дека што побрзо повеќе компании ќе ги гледаме на листа на НАТО пазарите“, изјави Абдурахмани.

актуелно компании НАТО Тендери шекеринска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Директни летови Дубаи–Скопје од март 2027, линијата ќе ја оперира „Флајдубаи“

септември 25, 2026

Од октомври пензиите зголемени за 3 отсто

септември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: За нас нема подобро решение од тоа Филипче да биде претседател на СДСМ

септември 25, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.