Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска ќе го посети Центарот за обука на пилоти во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец.
Од министерството најавија дека Шекеринска ќе се обрати по повод новиот конкурс за кандидати за обука на воени пилоти.
Конкурсот за запишување на слушатели на стручното оспособување и усовршување на родот авијација за потребите на Армијата е во тек и трае до 1 август. Може да аплицираат државјани на Република Северна Македонија, не постари од 28 години со завршен прв циклус студии односно со стекнати најмалку 180 кредити.







