Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шекеринска: Македонија веќе не е во изолација
Македонија

Шекеринска: Македонија веќе не е во изолација

февруари 6, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Македонија веќе не е во изолација, Македонија се смета за една од ретките добри вести на Европскиот континент. Безбедноста на нашите граници повеќе не ја гарантираме само ние, туку ја гарантираат и НАТО, што неминовно носи зголемена безбедност во земјата, но и во регионот.

Ова е пораката што денеска ја изнесе вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска по повод потпишувањето во Брисел на Протколот за пристапување на Македонија во НАТО.

„Денеска стоиме на влез на иднина за која никој не можеше да претпостави пред само година и половина дека е реалност. Влезот во таа иднина е пред нас, вратата е отворена и она што сакаме да го направиме е да го направиме последниот исчекор и да обезбедиме нашата држава да биде безбедна, сигурна и просперитетна, рече Шекеринска.

Посочи дека денеска земјата е пред вратите на овој голем успех бидејќи беше донесена стратешка одлука, зад себе да остави автократско владеење и живеење во изолација.

Таа истакна дека и претставува голема чест како министерка за одбрана да ги види сите земји членки на НАТО кои на земјата и посакале топло, силно и гласно добредојде во најмоќната военополитичка Алијанса во светот.

Шекеринска истакна оти ова не е заслуга ниту само на институциите, ниту само на политичарите и пратениците, Владата и Собранието, туку ова е успех на сите граѓани на Република Македонија кои 30 години трпеливо чекале и работеле, а изминатата година и половина дале крупна промена во надворешнополитичкиот курс на земјата.

Напомена оти домашните и меѓународните инвеститори веќе нема да треба да се грижат дали нивните инвестиции се безбедни и сигурни, а граѓаните веќе нема потреба да се грижат дали безбедноста и сигурноста на државата е загарантирана.

„Нашите семејства ќе живеат со повисок стандард и со шанси за подобар живот. Ова е резултатот што го очекувавме, резултатот што го сработивме тогаш кога седнавме и се сконцентриравме на домашната агенда, кога седнавме и ја вративме одбраната во нашиот политички фокус, кога седнавме и ги почнавме разговорите прво со Бугарија, а потоа и со Грција. Ова е резултатот на сите наши заеднички напори, изјави министерката Шекеринска.

Таа изрази уверување дека генерациите што ќе дојдат по нас ќе ја ценат храброста и посветеноста на оваа генерација лидери, патриоти, на оваа генерација припадници на армијата, на оваа генерација пратеници кои донесоа одлука свртена кон иднината.

Шекеринска истакна оти потпишувањето на Протоколот не е вест само за еден ден, од утре се ќе биде различно, земјата ќе биде дел од најмоќниот военополитички Сојуз што води дискусија за сите важни политички теми во светот.

Најави дека следната недела ќе може првпат да учествува на состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО во име на Македонија и на секој граѓанин.

„Уште повеќе како прва жена министер за одбрана ќе ми претставува чест и задоволство што ќе ги претставува сите граѓани на нашата држава во овој најмоќен военополитички сојуз, изјави Шекеринска.

Им порача на граѓаните секогаш да го следат својот сон и вредно да работат во насока на негово остварување.

Таа додаде дека овој успех денеска дава само дополнителен поттик за следните предизвици со кои треба да се соочи земјата.

„Денеска не запираме. Можеби можеме само пет минути да прославиме, но нашиот фокус е на тоа што не чека денес, што треба да завршиме утре, нашиот фокус е на многу од нашите домашни обврски што до крај треба да ги реализираме. Нашиот фокус е да покажеме дека животот во нашата земја може да биде не само побезбеден, туку и попросперитетен, порача Шекеринска во врска со денешното потпишување на Протиколот за прием на Македонија во НАТО.

актуелно земји македонија НАТО членки
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.