Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики
  • На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените
  • Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон
  • Трамп нема да присуствува на планираните предизборни митинзи за викендот во Ајова и Канзас, го искара новинарот кога го прашаа за неговото здравје
  • Неколку земји од ЕУ ќе ослободат 43 милиони барели нафта од своите резерви во наредните месеци
  • ВМРО-ДПМНЕ: Го чекаа со црвен тепих а сега Филипче и СДСМ се обидуваат да се дистанцираат од Вучиќ
  • СДСМ: „Левица повеќе не крие дека е руска партија”
  • ОН: Производството на опиум е зголемено во Авганистан
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шекеринска: Нема проблеми во владината коалиција
Македонија

Шекеринска: Нема проблеми во владината коалиција

јануари 23, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Не гледам никакви дупки и проблеми во владината коалиција. Македонија нема зошто да се плаши ако различни партии имаат различен став како што и во партиите не е страшно кога различни луѓе имаат различен став, тоа е богатство, истакна министерката за одбрана Радила Шекеринска, одговарајќи на прашање дали постои
коалициска криза на партиите на власт.

„Ако не би имале разлики во нашите ставови би биле една партија, а тоа значи дека ќе се вратиме во едно минато и завршено време. Коалициските партнери имаат претходно изграден консензус околу сите крупни прашања и да не беше тој консензус ние немаше да стигнеме до таму каде што сме. За година ипол од заробена држава да стигнете во држава која е поканета и седи на масата на НАТО, не беше лесно. За да се случи тоа ни помогна кохезијата внатре во коалицијата и ни помогна фактот дека можевме да го добиеме на своја страна гласот и на луѓе кои се надвор од нашата коалиција. Околу некои прашања имаме различни ставови, дискутираме и ги решаваме, како што е на пример Законот за корупција донесен со толку голема поддршка, изјави Шекеринска при денешната посета на касарната „Илинден“.

Нагласи дека за многу прашања се дебатира во Владата и дека за поголемиот дел е постигната согласност и додаде дека различните ставови не би требало да се поврзуваат со претседателските избори.

Одговарајќи на прашање за наводни внатрепартиски анкети за кандидат за председателските избори, министерката Шекеринска рече дека таа не слушнала за внатрепартиски анкети, но нагласи дека поважна е целта што и треба на Македонија, а тоа е предвидливост, решавање на клучните проблеми, влегување во НАТО и ЕУ, односно претседател кој ќе се грижи за државата и граѓаните, а не за себе и дека такви кандидати има многу.

Во однос на прашањето на двојазичност на униформите во АРМ, Шекеринска рече дека тоа прашање не е вградено во Законот за јазиците од причини кои се однесуваат на функционирање на Армијата и фактот дека униформите претпоставуваат униформност.

„Рековме дека оваа одредба ќе ја испратиме до Венецијанската комисија и очекуваме мислење и за Законот и за оваа конкретна можна потреба. Факт е дека Армијата е една од институциите која нуди најголема кохезија. Во делот на одбраната главната промена се однесува на можноста на граѓаните на Република Македонија кои обраќаат до Министерството за одбрана да можат да го користат и својот мајчин јазик, да добијат соодветен одговор. Не мислам дека тоа негативно ќе се одрази, а Армијата е посилна заради тоа што таа е репрезент на Македонија и заради тоа што ги имаме претставено сите етнички заедници, истакна Шекеринска.

Прашана дали е потребно да се организираат и вонредни парламентарни избори со претседателските, министерката рече дека има свој став, но истакна дека ќе почека прво да го изложи на партиската дебата што ќе почне официјало в петок.

актуелно влада коалиција проблеми
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

УХМР најавува големи дождови, големи температурни разлики

октомври 30, 2026

На нафтените берзи по вчерашниот пад, денеска нов раст на цените

октомври 30, 2026

Астрономите открија кандидат за џиновска џуџеста планета скриена зад Плутон

октомври 30, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.