Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското

мај 22, 2026

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Нова повреда на Нејмар, но ќе биде подготвен за Светското
  • Рубио: Многу сум разочаран од НАТО
  • Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи
  • Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес
  • Филипче: Секогаш ја поддржувам младоста, студентите победуваат
  • Трагедија на скопската обиколница: Загинаа тројца млади и татко на едниот од нив – камион преминал во нивната лента и возилото изгорело
  • Владата за една недела ќе го претстави решението за правосуден испит на албански јазик, најави Сали
  • ЕУ со нова финансиска поддршка за Македонија, Албанија и Црна Гора, за нашата држава 65,7 милиони евра
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шекеринска од министерскиот состанок на СЕДМ: Заедничките предизвици бараат заеднички одговор
Македонија

Шекеринска од министерскиот состанок на СЕДМ: Заедничките предизвици бараат заеднички одговор

ноември 4, 20210
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Пандемијата, климатските промени кои резултираа со природни катастрофи како пожарите и поплавите ја одбележаа последната година. Лажните вести и дезинформации кои го оптоварија целиот регион, мигрантската рута која минува низ нашиот регион, хибридните и сајбер заканите – ниту едно од овие прашања нема да се реши само од себе“, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска во своето обраќање пред министрите за одбрана и високите претставници на земјите – членки на иницијативата СЕДМ, на денешниот министерски состанок во Скопје.

Министерката повика на акција и на лидерство во секоја од земјите од регионот затоа што заедничките предизвици бараат заеднички и здружен одговор.

Шекеринска истакна дека најважната научена лекција од сите кризи со кои се соочи регионот е дека ниту една земја не може самостојно да се справи со нив, колку и да е опремена.

„Ова лето и Северна Македонија беше погодена од пожари. Ги активиравме не само цивилните, туку и  армиски сили за гаснењето на пожарите, нашите армиски хеликоптери беа секојдневно на терен, дававме се од себе, ги дадовме на располагање сите армиски капацитети, но тоа не беше доволно да се заузда огнената стихија. Да не беа нашите пријатели од Словенија, Србија, Романија, Бугарија, Австрија и Црна Гора, последиците од огнената стихија ќе беа значително поголеми“, рече министерката и упати благодарност за брзата реакција и искрената поддршка во справувањето со пожарите.

Во однос на интересот на Северна Македонија за засилена регионална соработка, министерката Шекеринска истакна дека членството во НАТО, никогаш не значеше дека државата ќе го изгуби интересот за соседите и поширокиот регион.

„Денешната средба е директна потврда за нашиот заеднички интерес да создаваме и развиваме пријателства, да ги јакнеме нашите институционални врски и довербата помеѓу нас“, истакна министерката Шекеринска.

Претседавачот со СЕДМ иницијативата, Пламен Јорданов во своето обраќење упати благодарност до нашата земја и до министерката Шекеринска за организацијата на состанокот. Јорданов се осврна и на целите за време на претседавањето на Софија со СЕДМ иницијативата како што се промоцијата на заедничката соработка,  разбирањето помеѓу земјите-членки, придонесот кон мирот и безбедноста во регионот, зајакнувањето на капацитетите и интероперабилноста на СЕЕБРИГ, соработката со меѓународните организации, ОН, ЕУ НАТО и ОБСЕ и проширувањето на СЕДМ со нови членки.

Состанокот на СЕДМ чиј домаќин е Северна Македонија ги собра на едно место министрите и претставниците на одбраната од земјите на Југоисточна Европа.

актуелно седм состанок шеќеринска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Рубио: Многу сум разочаран од НАТО

мај 22, 2026

Принцот Ендру под истрага по нови наводи за сексуални престапи

мај 22, 2026

Западнонилска треска регистрирана кај 55-годишен маж од Велес

мај 22, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.