Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шекеринска очекува набавката на армиски униформи да заврши до крајот на годинава
Политика

Шекеринска очекува набавката на армиски униформи да заврши до крајот на годинава

август 7, 20190
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

„Во текот на минатата и оваа година Министерството за одбрана успеа целосно да го заврши процесот за набавка на војнички чизми, додека договорот за набавка на военотеренски униформи е раскинат затоа што избраната фирма не успеала да ги исполни бараните условите и постапката е повторена“.

Ова денеска го соопшти министерката за одбрана Радмила Шекеринска при посетата на велешката касарна за свеченоста по повод приемот на нови 125 професионални војници во Армијата, одговарајќи на прашање на МИА ,до каде е постапката за набавка на нови воени и свечени униформи“.

„Јас не случајно реков дека со квалитетот нема да правиме компромиси и тоа што го бараме во постапката, фирмите треба да го испорачаат. Поради тоа договорот беше раскинат и ја повторивме постапката. Се надевам, очекувам и апелирам фирмите да не мислат дека можат да настапат со еден, а потоа да ни подметнат послаб квалитет. Тендерот е објавен и очекуваме поголема конкуренција и интерес. Дадовме шанса и за цени кои одговараат на квалитетот што го бараме и се надевам дека до крајот на годинава овој процес ќе биде завршен“, изјави министерката Шекеринска.

Таа воедно информира дека минатиот месец Министерството дополнително започнало и со набавка на свечени униформи и очекува двата процеси да бидат успешни.

Во однос на новинарското прашање за решавање на станбеното прашање на припадниците на Армијата, а за што претходната власт најавуваше изградба на станови за припадниците на АРМ, Шекеринска појасни дека за тоа говорела и на пратеничките прашања пред два месеци и рекла дека шест години се најавувал проектот и не бил решен и пропаднал затоа што од старт не функционирал.

Таа информира дека Армијата брои околу седум илјади припадници, нагласувајќи дека, според неа, е некоректно да се залажуваат војниците дека со изградба на станови ќе можат да се решат сите проблеми.

„Разгледуваме опции како исплатата на станарина што ја добиваат одреден дел на припадниците на Армијата да биде поправедна и да ја ослободиме од злоупотреби. Воедно секаде каде што Армијата има имот што не ни е потребен, можеби ќе се нуди комерцијално, а за возврат да се добијат станови за Армијата. Но, тоа ќе го правиме многу внимателно, бидејќи сите се изгорени од лошите искуства во минатото“, потенцира министерката Шекеринска.

набавка униформи шекеринска
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“

јуни 9, 2026

Вучиќ: Не е вистина дека Србија е изолирана, многу европски лидери се мои пријатели

јуни 9, 2026

Кузеска: СДСМ започнува нова етапа на политичко дејствување

јуни 8, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.