Close Menu
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

What's Hot

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
Facebook X (Twitter) Instagram
АКТУЕЛНО
  • Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени
  • Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат
  • Силна бура во Словенија активираше свлечишта
  • Нестабилно време во Македонија
  • Државата на пензионерите во Грција им овозможува бесплатно да одат на одмор
  • Трошоците на живот во мај на годишно ниво зголемени за 4,8 отсто, а цените на мало за 5,6 проценти
  • Мицкоски: Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот „Борис Трајковски“
  • Инклузивна театарска претстава „Физика на радоста“ вечерва во Скопје
Facebook RSS
актуелно.мкактуелно.мк
  • Почетна
  • Во Фокусот
  • Политика
    • Македонија
    • Балкан
    • Европа
    • Свет
  • ЕКОНОМИЈА
    • Финансии
    • Анализи
    • Берза
    • Градежништво
    • Земјоделство
  • Локално
    • Скопје
    • Градови
  • Култура
    • Забава
    • Арт и дизајн
    • Филм
    • Музика
    • Театар
    • Книги
  • Став
    • Анализа
    • Коментар
    • Мислење
  • Хроника
    • Истраги
    • Оружје
    • Специјални единици
    • Строго Доверливо
    • Судски процеси
    • Фаул
  • Спорт
    • Фудбал
    • Ракомет
    • Кошарка
    • Автомобилизам
    • Тенис
    • Останато
  • Живот и Стил
    • Технологија
      • Апликации
      • Игри
      • Интернет
      • Компјутери
      • Мобилни
    • Здравје
    • Убавина
    • Мода
    • Џет-Сет
    • Семејство
    • Кујна
актуелно.мкактуелно.мк
Home » Актуелно » Шекеринска Фон дер Лајен: Македонија и Германија ги делат истите вредности
Македонија

Шекеринска Фон дер Лајен: Македонија и Германија ги делат истите вредности

септември 20, 2018Updated:септември 20, 20180
Facebook Twitter Pinterest LinkedIn WhatsApp Reddit Tumblr Email
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Pinterest Email

Министерката за одбрана на Германија, Урсула фон дер Лајен денеска пристигна во официјална посета на Република Македонија, прва посета на сојузен министер за одбрана на Македонија по 11 години.

По средбите во министерството, министерката Радмила Шекеринска рече дека честите посети на највисокото германско раководство, канцеларката Меркел, министерот за надворешни работи Мас и министерката Фон дер Лајен, покажуваат дека Германија е искрен, постојан и вистински пријател на Македонија.

Шекеринска истакна дека македонско-германското пријателство е долгогодишно и дека македонските граѓани сè уште го паметат признавањето на независна, самостојна суверена Македонија од страна на тогашниот германски канцелар Хелмут Кол, време на исклучително германско лидерство во период кога Балканот ги живееше своите најмрачните денови.

„Тоа германско лидерство го препознаваме и денеска, кога добиваме сериозна, искрена и отворена поддршка токму кога македонските граѓани одлучуваат за својата земја, својата иднина. Тоа лидерство го видовме и на претходниот самит на НАТО во вашата силна поддршка на самитот Македонија да ја добие долгоочекуваната покана за членство во Алијансата“, рече Шекеринска.

Министерката посочи дека македонските граѓани покажаа дека сакаат промени, сакаат да живеат во ослободено, демократско општество во кое владее правото и законите, во кое слободно ќе се изразуваат, а медиумите ќе бидат гласен коректив на политиката. Истакна дека тоа беше императив и за Владата – беа направени значајни реформи, Македонија покажа дека може да биде партнер и соработник, а не непријател со соседите.

„Сите реформи беа ветар во грбот за нашата стратешка цел – членство во НАТО и ЕУ. За нас Македонија во НАТО и во Европската Унија значи стабилност, безбедност, економски просперитет, проток на лица, отворени граници, блиска соработка со нашите соседи, со Европа. Стабилна и безбедна Македонија значи стабилен и безбеден Балкан, а вашата значајна поддршка на овој пат покажува дека тоа е важно и за Германија и за Европската Унија“, истакна министерката и додаде дека 30 септември е моментот на позитивен пресврт.

„Сега, сите заедно, здружено, обединети треба да потврдиме дека Македонија ќе биде дел од двата најмоќни сојузи на денешницата и дека ќе биде подобро, поубаво, посигурно место за живеење. Вашата поддршка на овој пат постојано ни значи“, заклучи Шекеринска.

Министерката Фон дер Лајен ја изрази поддршката од целата сојузна влада за продолжувањето и развојот на европската перспектива на Македонија и додаде дека Европа и светот се пред големи предизвици, за кои вистинското решение е соработката во евроатлантската заедница. Фон дер Лајен истакна дека претстојниот референдум е една голема шанса на која изрази уверување дека граѓаните ќе земат активно учество.

„Од нашето искуство со германското соединување, можам да кажам дека такви шанси се уникатни и дека треба да се искористат.  Сакам да кажам дека зборувам за соединета, обединета Европа и дека сакаме заедно да продолжиме да ја градиме Европа со вас“, рече германската министерка и додаде дека Македонија и Германија ги делат истите вредности – демократијата, владеењето на правото, достоинството на секој еден поединец, правото на слободно изразување.

Шекеринска и Фон дер Лајен се согласија дека билатералните одбранбени односи се на највисоко ниво, и во однос на обуката и доквалификацијата на припадниците на АРМ во Германија, заедничките вежби и обуки и поддршката на материјален план, но и во рамките на меѓународните мисии на Алијансата каде македонските војници стојат рамо до рамо со нивните германски колеги и колегите од другите 19 сојузници.

 

 

актуелно германија Европа ЕУ македонија НАТО
Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Telegram Email

Related Posts

Во јоханесбург во вооружен напад најмалку 12 убиени

јуни 10, 2026

Иран најави нови удари ако САД повторно нападнат

јуни 10, 2026

Силна бура во Словенија активираше свлечишта

јуни 10, 2026
WEB Baner TITAN_300x250_
© 2026 АКТУЕЛНО
  • Контакт
  • Импресум
  • Маркетинг понуда
  • Услови за користење
  • За нас

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.