Ханс Георг-Масен, шеф на германската разузнувачка служба, предупреди денеска дека Кина ги користи социјалните мрежи во обид да дојде до извори на информации од пратеници и официјални лица, додека кинеските хакери се повеќе ги напаѓаат европските компании преку нивните снабдувачи.
Масен истакна дека, според податоците до кои дошла службата БфВ, 10.000 германски граѓани се „на мета“ на кинеска шпионажа, посебно политичари и претставници на владини агенции.
„Ова е најширок базиран обид на инфилтрирање во парламент, министерство и во владини агенции“, предупреди тој.
БфВ, односно Сојузна канцеларија за заштита на уставот, задолжена е за собирање податоци кои би можеле да претставуваат закана за државното уредување на Германија.
Масен објасни дека, пред се користејќи ја социјалната мрежа Линкедин, кинеската шпионска агенција воспоставила голем број лажни профили на истражувачки институти, консултативни компании ….
Според неговите зборови, Кина користи и сајбер напади на ИТ работници и други лица за да пронајде „споредна врата“ за влез во мрежите на организациите за кои се заинтересирани.
Масен истакна дека неговата служба го засилува фокусот на одбрана од тие закани и објавила листа на најкористени лажни профили и организации.
Тој ги информираше новинарите за осум такви профили кои кинеските шпиони ги користат на Линкедин, а меѓу нив се профилите под името Лили Ву, летиција Чен или Алекс Ли, при што лажните профили имаат импресивно резиме, стотици контакти и атрактивни фотографии на млади професионалци.
Исто така на новинарите им кажа дека БфВ претходно годинава направила работна група која ја истражувала употребата на лажните профили на социјалните мрежи.
„Германската служба утврди дека кинески шпиони се кријат зад шест организации, меѓу кои најистакнати се ’Association France Euro-Chine’ и ’Global View Strategic Consulting’“, заклучи Масен.







